Зошто настанува метеорскиот дожд Персеиди и како да го набљудувате вечерва?

Метеорскиот дожд Персеиди е еден од најпознатите, најмногу бидејќи е и еден од најспектакуларните.

zoshto-nastanuvaat-persedite-i-kako-da-gi-nabljuduvate-povekje01.jpg

Ова е астрономски настан на кој му се восхитуваат и астрономите, но и „обичните“ луѓе и некои години, кога небото не е осветлено од Месечината, можат да се забележат и до 100 метеори во еден час.

Овој метеорски дожд трае од 17-ти јули до 24-ти август, но неговиот пик е вечерва, ноќта помеѓу 11-ти и 12-ти август.

zostho-nastanuva-meteorskiot-dozhd-perseidi-i-kako-da-go-nabljuduvate-vecherva-02.jpg

Што точно се Персеидите?

Повеќето метеорски дождови, вклучувајќи ги и Персеидите, настануваат од остатоците од опашката на некоја комета. Во овој случај, станува збор за кометата Swift-Tuttle.

Оваа комета е едно од најголемите небесни тела кои редовно поминуваат покрај Земјата, а нејзиното цврсто јадро има ширина од дури 24 километри. Кометата, орибтирајќи околу Сонцето, последен пат помина покрај Земјата во 1992-ра, а повторно ќе ја помине дури во 2126-та. Во меѓувреме, нашата планета секоја година минува низ прашината и отпадот што ги остава кометата, а ние го гледаме тоа како метеорскиот дожд Персеиди.

zostho-nastanuva-meteorskiot-dozhd-perseidi-i-kako-da-go-nabljuduvate-vecherva-03.jpg

Едноставно кажано, кога ги гледате Персеидите, всушност ги гледате остатоците од кометата кои навлегуваат во атмосферата на Земјата и согоруваат. Кога се во вселената, овие остатоци се наречени метеороиди, а кога ќе навлезат во земјината атмосфера се наречени метеори.

Метеорите се движат со брзина од околу 59 km/h, а бидејќи повеќето се големи колку зрно песок, целосно согоруваат и не паѓаат на земјата.

Името Персеиди, пак, е поради соѕвездието Персеј – кога го набљудувате дождот, се чини како метеорите да доаѓаат од оттаму. Соѕвездието се наоѓа на северното небо, но не мора да гледате само таму за да забележите некој метеор.

zostho-nastanuva-meteorskiot-dozhd-perseidi-i-kako-da-go-nabljuduvate-vecherva-04.jpg

Кога и каде можете да ги набљудувате?

Како што напоменавме, пикот на Персеидите ќе биде ноќта помеѓу 11-ти и 12-ти август, па најдобро е да ги набљудувате вечерва.

За разлика од лани, годинава Месечината нема многу да го осветлува небото, па ќе можете да уживате во ѕвезденото шоу. Најважно е да најдете што е можно потемно место, но и да се подготвите да чекате неколку часа.

zostho-nastanuva-meteorskiot-dozhd-perseidi-i-kako-da-go-nabljuduvate-vecherva-05.jpg

Препорачливо е да го набљудувате небото после полноќ и не заборавајте дека на вашите очи ќе им требаат околу 30 минути да се адаптираат на темницата.

Каква опрема ви треба?

Овој метеорски дожд се набљудува без никаква опрема. Единствено понесете нешто удобно за седење, а може и малку храна, во случај да чекате повеќе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...

Најчитани неделава