Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наставнички ги претвораат школските клупи во џипови за децата да не се чувствуваат изолирано (фото)

Пандемијата нè натера да направиме и реформи во образованието, а овие две наставнички ја покажале креативноста и љубовта кон децата за да не се чувствуваат изолирано во овие тешки времиња.

nastavnichki-od-florida-so-odlichna-ideja-klupite-so-pregradi-gi-pretvorile-vo-mali-dzhipovi-foto-01.jpg

Пред некој ден се донесе одлука кај нас, во Македонија, наставата да се одвива онлајн, но децата од прво до трето ќе имаат опција и за настава со физичко присуство.

Но, во САД, сите деца мораат да одат на училиште, па наставниците се соочени со тешка задача – да го заштитат здравјето на своите ученици. Две наставнички во прво одделение смислиле навистина креативен начин да го постигнат тоа.

Училиштата во САД сега се опремени со пластична прегради кои се инсталираат на секоја клупа. А, наставничките Патриша Дови и Ким Мартин ги искористиле преградите за да ја направат училницата уште позабавна за нивните ученици.

Со помош на картон, секој клупа ја претвориле во мал џип, така што преградите изгледаат како прозорци.

„Што и да направиме за да додадеме малку забава ќе биде многу важно за оваа долга учебна година“, изјавила Патриша.

nastavnichki-od-florida-so-odlichna-ideja-klupite-so-pregradi-gi-pretvorile-vo-mali-dzhipovi-foto-02.jpg

Наставничките предаваат во прво одделение во училиште во Флорида, а идејата ја добила Патриша. Таа видела нешто слично во училиште во Тексас, а бидејќи многу сакала џипови, решила веднаш да го проба тоа и во нејзиното училиште.

nastavnichki-od-florida-so-odlichna-ideja-klupite-so-pregradi-gi-pretvorile-vo-mali-dzhipovi-foto-03.jpg

Како што напоменавме, преградите се овозможени од училиштето, но „џиповите“ ги направиле Патриша и Ким, со пари од нивниот џеб.

„Шарено е и весело. Ако можеме да ги натераме децата дека е забавно да се седи во џип од картон, тогаш можеби полесно ќе ја извршуваме наставата“, вели Ким.

nastavnichki-od-florida-so-odlichna-ideja-klupite-so-pregradi-gi-pretvorile-vo-mali-dzhipovi-foto-04.jpg

Тие сакале да ги вклучат и децата во овој креативен проект, па секое од нив самото ќе си ја направи „регистарската табличка“ за „џипот“.

На наставничките им било јасно дека периодов децата се исплашени, па сакале да ја претворат училницата во удобно катче, каде што учениците ќе се чувствуваат безбедно.

„Се чувствувам подобро што има прегради на клупите, но бев загрижена како ќе се чувствуваат децата кога ќе ги видат“, вели Патриша.

nastavnichki-od-florida-so-odlichna-ideja-klupite-so-pregradi-gi-pretvorile-vo-mali-dzhipovi-foto-05.jpg

Патриша и Ким дефинитивно завршиле одлична работа, а можеби идејава ќе им се најде и на нашите наставници.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...
11 луѓе чија смисла за хумор е толку добра, што ќе ве насмее и вас (фото) „На рецепцијата на нашиот хотел има знак што ме насмеа - Не си ги заборавајте по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg