„Не е лесно да си мајка, парите што ги добивам се заслужени“ – Исповед на домаќинки кои добиваат плата од нивниот сопруг

Четири жени кои се домаќинки добиваат месечен надоместок, односно плата од сопругот, а сега ги споделуваат нивните искуства и мислења.

ne-e-lesno-da-si-majka-parite-shto-gi-dobivam-se-zasluzheni-ispovedi-na-chetiri-domakjinki-koi-dobivaat-plata-od-nivniot-soprug01.jpg

Вo голем број семејства едниот од партнерите одлучува да се грижи за децата и домот, додека другиот оди на работа.

Причините за оваа одлука се различни за секого - некои семејства на овој начин ги намалуваат трошоците бидејќи не мора да плаќаат дадилки или градинки, некои семејства имаат големи приходи и нема потреба да работат и двајцата, а некои луѓе повеќе сакаат да се грижат за децата и за домот па ако имаат можност, го прават тоа.

Кога станува збор за жените кои се домаќинки, тие се одговорни за децата и домот, а кога им требаат пари за што било, треба да се обратат кај сопругот, па некои парови го решаваат овој проблем така што вработениот му дава плата на оној кој останува дома.

Односно, ако жената не оди на работа и се грижи за децата, еднаш месечно сопругот ѝ дава одредена сума пари – еден вид плата, за да не биде обврзана за секој трошок да бара пари.

Во продолжение прочитајте ги искуствата на четири жени домаќинки, кои добиваат ваква плата од сопругот:

Сара Вилијамс од Лондон добива плата од сопругот кога е на породилно отсуство

37-годишната Сара Вилијамс и нејзиниот 33-годишен сопруг Мајкл го очекуваат нивното трето дете. Сара е менаџер, а сопругот машиновозач, и иако е вработена, кога Сара била на породилно отсуство сопругот ѝ давал плата.

„Си реков дека никогаш нема да барам џепарлак од сопругот, па Мајкл предложи да ми дава ’плата за грижа за децата‘ додека бев на породилно отсуство. Кога ќе се роди третото дете, повторно ќе ми дава плата.

Ова се пари што ги трошам како што јас сакам. Трошоците за домаќинството секогаш се на трошок на Мајкл. Кога ќе се породам, пак ќе бидам на породилно отсуство и ќе зависам од платата што ми ја дава Мајкл. Но, бидејќи јас ќе се грижам за децата ќе заштедиме многу на дадилки и градинки.

Некои мои пријателки кои се домаќинки бараат пари од сопругот пред да излезат или кога сакаат да си купат нешто, а сите тие сметаат дека овој договор што го имаме со Мајкл е одличен“.

ne-e-lesno-a-si-majka-parite-shto-gi-dobivam-se-zasluzheni-ispovedi-na-chetiri-domakjinki-koi-dobivaat-plata-od-nivniot-soprug-02.jpg

Гема од Западен Сасекс се грижи за децата, додека сопругот се фокусира на професионалниот успех

34-годишната Гема и нејзиниот 35-годишен сопруг Адам имаат три деца. Адам е вработен, а Гема се грижи за домот и за децата.

„Кога Адам ми кажа дека добил големо унапредување кое доаѓаше со многу поголема плата, знаев дека вреди што сум домаќинка и што ми дава плата. Последниве две години ми дава плата за тоа што се грижам за децата и за домот, а тој може целосно да се фокусира на кариерата, без да се грижи дали децата се во ред.

Кога останав бремена по третпат, сфативме дека ќе имаме огромни трошоци ако најмуваме дадилки, па јас дадов отказ и станав домаќинка. Дотогаш сама заработував пари и не сакав да барам од Адам кога ќе ми требаат. Затоа сега Адам ги плаќа трошоците, а потоа одвојува сума за мене, како благодарност за она што го правам во домот.

Би сакала во иднина повторно да одам на работа, но засега децата ми се најважни“.

ne-e-lesno-a-si-majka-parite-shto-gi-dobivam-se-zasluzheni-ispovedi-na-chetiri-domakjinki-koi-dobivaat-plata-od-nivniot-soprug-03.jpg

„Да се биде мајка е најтешката работа и вреди да се плати“

Тели живее во Лондон со нејзиниот сопруг Дилан, со кого има три деца.

„Да се биде мајка е најтешката работа на светот, па зошто да не добиваме плата? Никогаш сме немале заедничка сметка со Дилан – и двајцата си ја сакаме независноста, па секој месец Дилан префрла пари на мојата сметка. Со овие пари најчесто купувам продукти за домот, облека за децата и гориво за автомобилот. Она што ќе ми остане го користам како што сакам.

Никогаш не сум му рекла на Дилан да ми дава плата, туку тој сам почна да го прави тоа. Ова ми дозволува да имам некаква финансиска независност, а и го ослободува Дилан од некои обврски, како купување облека за децата или пазарење во супермаркет.

Многумина ме осудуваат, но со оваа плата Дилан не ме најмува, туку ми дозволува да живеам пристојно без да морам да го молам за пари.

Би сакала повторно да одам на работа, но со три деца го немам тој луксуз. Па, сметам дека сите пари што ги добивам со платата се добро заслужени“.

ne-e-lesno-a-si-majka-parite-shto-gi-dobivam-se-zasluzheni-ispovedi-na-chetiri-domakjinki-koi-dobivaat-plata-od-nivniot-soprug-04.jpg

Наталија и Кристијан од Хертфордшир заедно го планираат буџетот

Наталија и нејзиниот сопруг имаат три деца. Кристијан е архитект, Наталија работи еднаш неделно како маркетинг консултант, а секој месец добива и плата од сопругот.

„Кога работев со полно работно време, можев и јас да давам пари за сметки. Сега не можам да го правам тоа, но мојот придонес во семејството е исто важен. Имам мали приходи од тоа што го работам сега, па Кристијан ги плаќа сметките и секој месец ми дава и плата. Со овие пари најчесто купувам намирници за домот, подароци за роденден и Божиќ…

Еднаш месечно разговараме за буџетот. Ако сум потрошила повеќе поради некој празник или нешто непланирано, Кристијан ми дава повеќе пари.

Како семејство со три деца и еден вработен, немаме многу пари. Кога сакам да излезам, а сме имале големи трошоци тој месец, го одложувам излегувањето. Благодарение на овој план, немаме ниту еден долг со Кристијан.

ne-e-lesno-a-si-majka-parite-shto-gi-dobivam-se-zasluzheni-ispovedi-na-chetiri-domakjinki-koi-dobivaat-plata-od-nivniot-soprug-05.jpg

Што мислите за оваа идеја? Познавате ли парови кои го прават истото?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg