Балканска кавга за генијот: Дали Тесла бил Србин или Хрват?

Најлесен начин да започнете расправија во Сплит е само да прашате кои се најдобрите 5 играчи на Хајдук во историјата и да си отидете. Доколку пак сакате да започнете расправија на регионално ниво, само прашајте дали Тесла бил Србин или Хрват.

Dali-Tesla-bil-Srbin-ili-Hrvat-01.jpg

Во август минатата година, еруптираше дипломатски скандал помеѓу Србија и Хрватска околу прашањето кој може да го користи името на Никола Тесла. Но, што би кажал генијот по тоа прашање?

Додека во 1943 година, Тесла лежел на својата смртна постела во хотелската соба во Њујорк, 86-годишниот гениј важел за најголемиот човек кој некогаш постоел, но и покрај тоа, тој се надевал да постигне многу повеќе.

Сеќавајќи се на своето детство и фамилија, Тесла во 1936 година во телеграма го напишал следното:

„Ви благодарам на многу ценетите честитки и почести. Еднакво сум горд на мојот српски род и мојата хрватска татковина. Да живеат сите Југословени.“

Dali-Tesla-bil-Srbin-ili-Hrvat (2).jpg

Можеби уште тогаш Тесла внимавал како ќе гледаат на него во иднината. 75 години подоцна Тесла е глобално позната фигура и граѓанин на светот. Нов револуционерен бренд го носи неговото име, а локалецот и изумителот на новата генерација Мате Римац, продолжува по неговите стапки на електричната енергија и батериската технологија.

Но, како се гледа на Тесла во неговата татковина?

Како што кажал самиот Тесла, тој себеси се сметал за двете. Етнички Србин кој пораснал во неговата татковина Хрватска. Неговиот татко бил православен српски поп, а мајка му била ќерка на поп. Тој бил етнички Србин, роден во селото Смиљан во денешна Хрватска.

Dali-Tesla-bil-Srbin-ili-Hrvat (5).jpg

Од една страна, Србија го има крстено аеродромот во Белград по Никола Тесла, а за разлика од тоа Хрватска има само изложба во селото Смиљан.

Меѓутоа Загреб беше одбран за почетна локација на светската изложба за Никола Тесла, која ќе помине низ градовите кои имале најголемо влијание во животот на Тесла – Будимпешта, Прага, Париз, Њујорк и покрај овие и Дубаи.

Dali-Tesla-bil-Srbin-ili-Hrvat (3).jpg

Dali-Tesla-bil-Srbin-ili-Hrvat (4).jpg

Оваа изложба нема да помине низ Белград, бидејќи Тесла живеел и студирал во Госпиќ, Марибор, Грац, Будимпешта и Прага, но во Белград поминал само 31 час додека бил на посета.

Додека Хрватска се труди да го земе Тесла само за себе, битно е да се каже дека неговата куќа двапати беше уништена, еднаш во 1940 година и уште еднаш во деведесеттите.

Наместо да се води битка чиј е Тесла, можеби најпаметно би било тој да се прогласи за Југословен, како што и самиот се доживувал и сите етнички и национални барања да се отфрлат целосно, бидејќи тој е граѓанин на светот. Сепак, дефинитивно не е наше да се мешаме, па оставаме на стручните да одлучат.

Dali-Tesla-bil-Srbin-ili-Hrvat (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg