7 тајни за успех во животот од авторот на „Sex and the City“

Мора да читате постојано, да сте во тек со иновациите во светот и да барате нестандардни решенија.

7-tajni-za-uspeh-vo-zhivotot-od-avtorot-na-sex-and-the-city-01.jpg

Кендис Бушнел, автор на новелата „Sex and the City“ според која е снимена истоимената серија, ги споделува нејзините правила за успех во животот за магазинот Cosmopolitan.

Toкму тие правила се проткаени до некаде и во хит серијата:

Не постојат лесни начини

Можете да успеете само ако внимавате и на најситните детали и ако се трудите сѐ да сработите совршено, дури и најмалите задачи.

Инвестирајте во себе

Како што сте одлучни во тоа да пронајдете вистински партнер, бидете и во помислата да успеете на работното место и во секоја сфера од животот.

7-tajni-za-uspeh-i-srekja-vo-zhivotot-od-avtorot-na-sex-and-the-city-03.jpg

Паузирајте пред да се фрлите во битка

Ако нешто ве вознемирува, мора прво да се смирите, па да делувате. Често првата реакција е импулсивна и нема да ви донесе ништо добро. Излезете прошетајте, оладете ја главата, па потоа носете одлуки.

Клучот на сѐ е рационалното размислување

Дури и при креативните работи потребно ви е логичко размислување.

Тренирајте го мозокот

Мора да читате постојано, да сте во тек со иновациите во светот и да барате нестандардни решенија. Излегувајте од комфор зоната и постојано правете работи кои ве тераат да размислувате.

7-tajni-za-uspeh-i-srekja-vo-zhivotot-od-avtorot-na-sex-and-the-city-02.jpg

Уживајте во секоја фаза од животот

Запомнете дека успехот доаѓа бавно, па уживајте во секоја фаза од процесот. Прво учите, па стекнувате искуство, па добивате авторитет, па со трпение еден ден пристигнувате до целта.

Бидете активни, не чекајте некој друг да ве турка

Работете сами напорно и барајте инспирација секој ден. Давајте го максимумот од својот капацитет.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава