Проверете дали сте добар штедач: Што прават луѓето кои никогаш не се оставаат без пари до последен ден?

Дали сакате цел живот да бидете со броени пари и последните денови од месецот да се молите што побрзо да поминат? Време е за промена – научете што прават луѓето кои секогаш можат да си дозволат што сакаат и како да имате подобра иднина без да зависите од никого.

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-1.jpgфото: freepik

Свесни сме дека никој не сака едвај да спојува крај со крај, но дека понекогаш судбината и околностите ги носат луѓето во погрешна насока од која е тешко да се вратат назад. Животот крои секакви тажни судбини и не може да се противиме на тоа.

Сепак, во голем дел од случаите, можеме сами да си ја „скроиме“ судбината, барем кога станува збор за финансиска моќ во денешно време кога има разни можности.

Можеби не може сите да бидеме милионери, но има начин да си обезбедиме сигурна иднина за да не мора децата и внуците да нѐ издржуваат кога ќе остариме.

Сигурно барем еднаш сте слушнале од бабите и дедовците некоја фраза како: Ах бе синко, знаеш колку ми е мала пензијата, за што попрво да ја дадам/Ех да можев да ти купам нешто повеќе/Еве за чоколадо, толку имам...

И секојпат ни се кине душата и срцето кога ќе ги слушнеме овие тажни зборови. Сакаме да им помогнеме, да им покажеме дека парите не се важни за среќата, туку љубовта која ни ја даваат, но истовремено веројатно и посакувате да направите разлика и вашата иднина да не биде таква.

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-6.jpgфото: freepik

Гледајќи се сега од оваа гледна точка, дали се замислувате за 10, 20, 30 или 40 години во таква ситуација? Дали сакате да го „терате“ истиот мачен пат или ќе направите нешто уште од сега за да можете да имате среќни пензионерски денови?

Илјадници луѓе не прават ништо отсега за да можат да си овозможат нормален стандард за живот кога ќе остарат. Доколку сте во оваа категорија и вие и никогаш не сте помислиле на штедење за иднината, имате три опции:

  • Да се пензионирате подоцна и да работите на стари години
  • Да почнете да штедите и да размислувате паметно на иднината
  • Да си ги намалите очекувањата за убав живот и да се помирите на мала пензија со скромен живот

Ако не сакате да прифатите скромен живот во иднина, посетете гo Сава пензиско друштво и дознајте дали сте Штедач со план!

Секој ден е добар ден да ги посетите за да ви помогнат да се одлучите за подобра иднина!

Дали познавате некој кој е добар штедач? Некој кој одлично се справува со менаџирање на финансии, секогаш успева да ги плати сите трошоци, да си купи нешто за себе и плус да му остане нешто од претходната плата додека да стигне нова плата?

Ако им завидувате на овие луѓе, ви нудиме совети да научите како да станете како нив + како правилно да ја искористите заштедата за да не останете повторно со празна сметка и да имате тешки пензионерски денови.

Почнете со мали чекори – прво организирајте си ги трошоците:

Правило на 24 часа

Кога ќе најдете нешто што сакате да го купите, „преспијте“ го пред да одлучите и дознајте дали навистина ви треба или само го сакате бидејќи е убаво.

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-5.jpgфото: pexels.com

Трошете на работи со кои инвестирате во иднината, а не за фалење

Купете добар лап-топ, добра камера или нешто друго што ви е потребно за вашата професија што ќе ви помогне да заработите повеќе пари, наместо истите да ги потрошите на најнов модел патики од скап бренд. Тоа што ќе го заштедите, ќе имате можност да го инвестирате во подобра иднина. Не чекајте да остарете за да сфатите на што требало да трошите.

Правење шопинг листа и однапред планирани попусти

Правете листа со сите неопходни работи и одете во маркет според планираното, наместо да купите сѐ што ќе ви се види интересно или на лажен попуст. Но, планирајте ги и големите попусти. Кога купувате нешто големо, ако не е итно, проверете кога се сезонските попусти (како новогодишни, Црн Петок и слично) и искористете ги за поголема заштеда на долгорочен план.

Вишок пари – на страна

Секогаш кога ќе ви останат вишок пари тргнете ги на страна. Кусурот од 5 денари можеби не ви значи, но ако го собирате на долг рок, се смета за заштеда. Ако некогаш платите нешто помалку отколку што сте очекувале, планираниот остаток тргнете го веднаш на страна. На секој денар гледајте како можност за заштеда, а не како плус за да си купите уште нешто (што не ви е ни неопходно).

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-05_copy_copy_copy.jpg

Организација на месечен буџет – задолжително правило

Запомнете, прво се плаќаат сметките и се купуваат основните намирници за живот, а потоа следат задоволствата. Никогаш не ја трошете цела плата и секогаш организирајте го буџетот така што ќе остане и заштеда, макар и да е минимална. Подобро отколку ништо.

Организацијата на месечниот буџет наместо неконтролирано трошење, може да ви спаси многу непотребно потрошени пари. Водете се според 50/30/20 правилото.

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-02.jpg

Ќе успеете ли да го правите ова на долг рок? И што со заштедените пари? Секако, не да си купите скапа чанта. Инвестирајте ги во среќен пензионерски живот!

Што треба да направите?

За да не живеете тешки пензионерски денови, обезбедете си среќна иднина отсега дури и ако не ви е на ум пензијата сега, бидејќи тогаш веќе ќе биде доцна.

До пензионирање треба да соберете сума која ќе биде барем неколкупати поголема од годишниот сегашен приход. Затоа имајте го на ум ова златно правило – колку порано почнете да штедите и инвестирате во иднината, толку повеќе ќе заштедите и ќе имате среќни денови во староста. Одберете подобра иднина - одберете доброволно пензиско осигурување во Сава пензија плус!

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-8.jpgфото: freepik

Сава пензиско осигурување ги препознава вистинските штедачи и им нуди решение како да заштедат за посреќни пензионерски денови. Посетете ги продажните места на Сава пензиско друштво и информирајте се за придобивките од задолжителното и доброволното пензиско осигурување. Агентите ќе ви помогнат да направите план за доброволно пензиско штедење.

Однапред одредете го износот кој ќе ви биде потребен

Инвестирањето во доброволен пензиски фонд е предност затоа што самите може да одлучите со колкави средства сакате да располагате во староста и да почнете да го реализирате планот уште од денес.

Испланирајте со колкава сума би сакале да располагате во пензионерските денови, какви трошоци ќе имате, колку би ви било доволно, каков живот би сакале да живеете.

ТУКА може да си направите информативни пресметки на калкулатор кој ќе ви покаже колкава ќе биде вашата очекувана пензиска заштеда доколку се зачлените во Сава Пензија плус преку индивидуално членство.

Откако ќе ги направите овие пресметки, задолжително консултирајте се со агент од Сава пензиско друштво, со кој ќе направите детален, заеднички план за вашата иднина.

Агентите ќе ви помогнат да направите пресметки, ќе ви објаснат кои се флексибилните услови, даночните бенефиции и ќе направите успешен пензиски план. Не дозволувајте во староста да се каете што навреме не сте направиле нешто за својата иднина.,

Со апликацијата Сава пензиско план во секое време имате можност за увид во Вашата пензиска сметка, брзо и едноставно да ги ажурирате Вашите лични податоци и навремено да бидете информирани за секој пристигнат прилив на Вашата пензиска сметка.

proverete-dali-ste-dobar-shtedach-shto-pravat-lugjeto-koi-nikogash-ne-se-ostavaat-bez-pari-do-posleden-den-9_copy.jpg

Што значи инвестирање во доброволен фонд?

Преку вложување во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус, имате можност да ја надополнете пензијата од првиот и вториот пензиски столб и преку дополнително штедење да си осигурате повеќе примања за старост.

Што е пензиски столб?

Пензиски столб е термин кој се користи за означување на составен дел на пензиски систем. Секој пензиски столб се разликува по начинот на собирање на придонесите во пензиските фондови, начинот на пресметка и исплата на пензиите. Македонскиот пензиски систем е составен од прв, втор и трет столб, што значи дека постои можност пензијата на идните пензионери да се обезбедува од три извори: од државниот пензиски фонд - Фондот на ПИОМ (прв столб) и од приватните пензиски фондови (втор и трет столб).

Разлика помеѓу пензиски столбови

Прв столб значи дека од придонесите на сегашните вработени се исплаќаат пензиите на сегашните пензионери. Втор столб е задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, што значи дека дел од вкупно уплатениот придонес за пензиско осигурување се уплаќа во приватниот пензиски фонд, каде што осигуреникот е член. Средствата понатаму се инвестираат и се акумулираат на неговата индивидуална сметка во пензискиот фонд и служат за исплата на неговата идна пензија од овој столб.

Трет столб е доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, што значи дека можете да штедите за дополнителен приход за пензиски денови, со уплаќање на средства на Ваша индивидуална сметка во доброволен пензиски фонд кои понатаму се инвестираат и се акумулираат, за потоа да послужат како дополнителен извор на пензија.

Ова е вашата шанса да ги инвестирате заштедените пари правилно за среќни пензионерски денови и да не се оставите со празна сметка никогаш.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Дали си ти #ШтедачотСоПлан? Посети некое од продажните места на Сава пензиско друштво и информирај се за придобивките од задолжителното и доброволното пензиско осигурување.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg