Најскапата одлука на една авиокомпанија – доживотна карта за сите летови

Ова е веројатно најскапата одлука во историјата на летањето – авиокомпанија која речиси и да им подарила доживотна карта за прва класа.

najskapata-odluka-na-edna-aviokompanija-dozivotna-karta-02.jpg

Пред скоро 40 години American Airlines ја донеле една од најскапите одлуки во историјата на модерното летање – на пазарот пласирале неограничена доживотна карта за летање во прва класа.

Поради тоа што компанијата се наоѓала во финансиски потешкотии, недостатокот на пари решиле да го надокнадат со несекојдневна услога – на своите најчести клиенти им понудиле посебна карта за прва класа, по име AAirpass со која може неограничено да се лета каде и да посакаат.

За уживање во ова задоволство требало еднократно да се уплатат 250.000 долари, додека за дополнителни 150.000 долари можело да се набави втора таква карта за пријател или партнер.

АAirpass од 1981 до 1994 година купиле 28 лица, а на компанијата тоа ѝ го обезбедило потребниот капитал за да продолжи со работа.

najskapata-odluka-na-edna-aviokompanija-dozivotna-karta-03.jpg

Сепак, избрзаната одлука повеќе ја чинело авиокомпанијата, отколку што ја спасила, па на крајот биле приморани билетот AAirpass да го укинат за тројца клиенти.

Еден од нив бил банкарот Стив Ротхстеин од Чикаго кој за 2 децении картата ја искористил за 10.000 летови.

Во тој период некои од најчестите патувања му биле следните - 1000 пати летал за Њујорк, 500 пати за Лондон, 500 пати за Сан Франциско и 500 пати за Лос Анџелес. 120 пати одлетал во Токио, 80 пати во Париз, 80 пати во Сиднеј и 50 пати во Хонгконг.

AAirpass не се користел само за деловни патувања и одмори. Жакес Врум на пример, го користел како би отишол на сендвич во друг град со пријателите, на концерт или еднодневен излет.

Со малку подлабока истрага се покажало како двајца од мажите ги давале картите на трети лица и така заработувале. Чудно е што во оригиналниот договор не постоела ставка која го забранувала ова.

najskapata-odluka-na-edna-aviokompanija-dozivotna-karta-01.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg