Смешна онлајн измама: Девојка си порачала фустан од интернет за 200 долари, а добила „ужасна сина вреќа“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Смешна онлајн измама: Девојка си порачала фустан од интернет за 200 долари, а добила „ужасна сина вреќа“

Една девојка, на својот TikTok споделила видео во кое покажува како изгледа фустанот што го порачала онлајн и го платила 200 долари. Проблемот е што фустанот не изгледа воопшто како на сајтот од којшто го порачала.

smeshna-onlajn-izmama-devojka-si-porachala-fustan-od-internet-za-200-dolari-a-dobila-neshto-sosema-porazlichno-01.jpg

Ана Дин од САД е само уште една жртва на онлајн продавниците – од онлајн продавница во САД, таа си порачала светлосин долг фустан за кој платила 200 долари, но она што ѝ стигнало пред врата нема никаква врска со она што го порачала.

Ана веднаш направила TikTok видео, во кое не може дa престане да се смее, и прави споредба на фустанот што го порачала и фустанот што го добила. На веб-сајтот, фустанот има светлосина боја и висок шлиц, а здолништето изгледа малку провидно.

smeshna-onlajn-izmama-devojka-si-porachala-fustan-od-internet-za-200-dolari-a-dobila-neshto-sosema-porazlichno-02.jpg

Фустанот што ѝ го испратиле исто така е во светлосина боја, но тоа е единственото заедничко нешто. Фустанот изгледа како голема сина вреќа и е толку провиден, што се гледаат смешните корпи за градите.

„Го сакав ова, а го добив ова“, вели Ана низ смеа.

smeshna-onlajn-izmama-devojka-si-porachala-fustan-od-internet-za-200-dolari-a-dobila-neshto-sosema-porazlichno-03.jpg

@annadinh

can’t ever trust ordering dresses online smh 🤦🏽‍♀️##greenscreen ##NBAIsBack ##needtoknow ##PerfectGifts

♬ original sound - Madeline

Досега видеото има речиси 2 милиони прегледи и над 300.000 коментари. Некои од корисниците споделуваат дека им се случило истото и коментираат дека сите онлајн продавници лажат.

„Ова е многу полошо отколку што очекував“.

„Замисли да ти се случи ова со фустанот за матурска“.

„Од каде го порача? Да знам да се држам понастрана од таа продавница“.

Во коментарите се огласиле и луѓе кои имаат искуство со онлајн продажба, нагласувајќи дека постојат и веродостојни онлајн продавници, но сите мораат да бидат внимателни кога порачуваат нешто, особено облека, од интернет.

„Работам во продавница за облека и редовно ги предупредувам муштериите дека не треба да порачуваат онлајн од каде било. Но, не ми веруваат и постојано се случуваат вакви работи“.

„Како сопственичка на бутик за венчаници, ти благодарам што го сподели ова. Луѓето не сфаќаат дека кај некои онлајн продавници, фотографијата што ја гледате не е направена од нив“.

Дали и вам ви се случило да порачате облека од интернет, за на крај да добиете ужасно, па дури и смешно парче облека?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таа има 83, тој 45: Уште уживаме во сексот и сме во среќен брак! Таа има 83 години, тој има 45, веќе 15 години се во среќен брак, а тврдат и дека...
Девојка на матура го облече невестинскиот фустан од мајка си за да заштеди Во време кога тинејџерките се опседнати со скапи модни парчиња и трендови, оваа ...
TikTok видеата на 17-годишната девојка со најдолги нозе на светот, која влезе во Гинис Таа има 1.7 милиони следбеници на TikTok и таму открива какви „маки“ има поради ...

Најчитани неделава