Многу љубов, топлина и искрени насмевки - какво е чувството кога човек ќе ви ја подари „душата“? (видео)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Многу љубов, топлина и искрени насмевки - какво е чувството кога човек ќе ви ја подари „душата“? (видео)

Во изминатата година кога животот ни се промени комплетно на сите – сè потсетивме и сфативме дека малите работи се оние кои навистина нè прават среќни.

specijalitet-napraven-so-mnogu-ljubov-kako-izgleda-kakvo-e-cuvstvoto-koga-ke-vi-ja-podarat-dusata-01.jpg

Нашето семејство, моментите поминати дома, најблиските соработници, луѓето кои се дел од нашето секојдневие и ни го прават животот исполнет.

Празниците се денови кои сакаме да ги поминеме во уживање, одмор и релаксација, да донесеме насмевка на лицата на блиските, да подариме и споделиме љубов.

Годинава ја започнавме со убави нешта - нашите долгогодишни соработници „Божиновски часовници и накит“ ни ги стоплија срцата и душата – нам и на сите нивни вработени и пријатели.

mnogu-ljubov-toplina-i-iskreni-nasmevki-kakvo-e-cuvstvoto-koga-covek-ke-vi-ja-podari-dushata-06.jpg

Игор Божиновски, првиот човек на компанијата, човек кој е вистинска инспирација - нѝ подари „дел од својата душа“ во подарок кој сплотува, подарок кој на прв поглед е само една обична кутија, но како што и тој самиот ни рече „Дел од мене и нешто што навистина многу ми значи.“ И кога некој ќе ви го каже ова додека лично ви го дава подарокот на ден Бадник – ова е и повеќе од доволно за да се почувствувате пријатно и ценето.

Едвај дочекавме да го отвориме подарокот со домашно направени колачиња од првиот човек на „Божиновски часовници и накит“ и чај  - и пораката која вреди да ја споделиме со сите:

Постојат нешта кои навидум тежат многу малку, а во суштина ни ја откриваат смислата на животот. И додека науката докажува дека човечката душа тежи само 21 грам, колку што тежи и чајот во ова тегличка, останува само едно отворено прашање... Колку грама сила и храброст ни е потребно за премостување на само еден животен крстопат...

Во оваа година на неизвесност јас, како и сите ние, се најдов на еден таков крстопат. Мојата фамилија, моето второ семејство - вработените во “Божиновски” и твојата лојалност и доверба ми ги дадоа тие неколку грама сила и храброст. И затоа... симболично ја подарив мојата душа во шишенце со 21 гр. чај, а на тоа додадов 210 гр. домашни колачи.

Заедно да создадеме магија со која ќе зачекориме во Новата 2021ва.

mnogu-ljubov-toplina-i-iskreni-nasmevki-kakvo-e-cuvstvoto-koga-covek-ke-vi-ja-podari-dushata-03.jpg

Уживајте во видеото од подготвувањето на овие подароци од семејството Божиновски:

Вистинско задоволство, насмевки и позитивна енергија се прошири на социјалните мрежи кај сите оние кои искрено уживаа во овој подарок направен со многу љубов.

mnogu-ljubov-toplina-i-iskreni-nasmevki-kakvo-e-cuvstvoto-koga-covek-ke-vi-ja-podari-dushata-08.jpg

mnogu-ljubov-toplina-i-iskreni-nasmevki-kakvo-e-cuvstvoto-koga-covek-ke-vi-ja-podari-dushata-09.jpg

mnogu-ljubov-toplina-i-iskreni-nasmevki-kakvo-e-cuvstvoto-koga-covek-ke-vi-ja-podari-dushata-10.jpg

mnogu-ljubov-toplina-i-iskreni-nasmevki-kakvo-e-cuvstvoto-koga-covek-ke-vi-ja-podari-dushata-11.jpg

 Да, уште еднаш се потсетивме дека потребно е само малку, за да направите некого среќен...

Би можело да ве интересира:

13 нешта кои се поубави во есен и во кои уживаме оваа сезона За разлика од оние кои сакаат по цела година да лежат на плажа, има такви кои со...
Храброст или лудост: На раб од облакодер прави стој на раце (видео) Повеќето луѓе своите утрински вежби ги прават дома или во теретана, но не и овој...
8 знаци дека токму вие сте „волкот во светот на овците“ Животот не е лесен, но секој миг е вреден за живеење. Да се биде волк во светот ...

Најчитани неделава