11 бонтон правила кои честопати ги забораваме дека постојат
Во секојдневието, многупати се мислиме како да постапиме во одредени ситуации, а овие бонтон правила можеби ќе ви олеснат дел од дилемите, иако се надеваме дека барем поголемиот дел од нив сепак ги знаете.

Кој ја плаќа сметката, со која рака се држи чантата и уште ред други работи кои културните луѓе ги прават, а треба да почнете и вие:
1. Заштитете го лимонот со другата рака кога го цедите, за да избегнете прскање на гостите на масата.

2. Салфетата во скутот се поставува како правоаголник, а не триаголник.

3. Не го подигајте малиот прст кога пиете за да ја кренете шолјата, туку поттурнете го дното на шолјата ако има потреба со другата рака.

4. При кивање и кашлање, заштитете ја устата со недоминантната рака. Но, во пандемијата сепак научивме дека е уште подобро ако ја заштитите со внатрешниот дел од лактот. Секако, потоа издезинфицирајте ги рацете.

5. Чекајте сите да седнат, пред да почнете со јадење.

6. Ако некој побара да му ја подадете солта, заедно со неа треба да го додадете целиот сет со зачини.

7. Ако вие каните на бизнис ручек или состанок – вие плаќате.

8. Со лебот прво треба да ги понудите другите, па потоа да земете вие едно парче. Истото важи за сите работи на масата кои се делат.

9. Секогаш носете ја чантата во левата рака, за десната да ви биде послободна. Доколку левата ви е доминантна рака - тогаш обратно.

10. Не си ги пакувајте остатоците од храната за дома.
Сепак за ова правило се поделени мислењата, па многумина велат дека е сосема културно да побарате да ви го спакуваат јадењето доколку сами сте ја платиле сметката и доколку останало повеќе од половина, а не две залчиња.

11. Секогаш седнувајте од левата страна на столчето и станувајте од десната страна на столчето.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации
Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца
Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија...
Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су...
На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
