„Ако трудница гали мачка, бебето ќе биде влакнесто“ - суеверија за трудници и бебиња

„Детето не смее да јаде риба додека не прозборува“, „Ако трудница гали мачка, бебето ќе биде влакнесто“, „Бебето од болница мора да го изнесе свекрвата “ – ова се само дел од оние „бапски приказни и верувања“ за тоа што треба, а што наводно не треба да прави една трудница и мајка.

bebeto-od-bolnica-mora-da-go-iznese-svekrvata-sueverija-za-trudnici-i-bebinja-01.jpg
фото: pexels.com

Наидовме на неколку интересни суеверија кои ги споделуваат трудниците и мајките:

„На бебето не му давајте да држи јајце во рака, додека не научи само да изговори „јајце“. Исто така, на Велигден, не му давајте да држи јајце затоа што долго потоа нема да му се затвори фонтанелата.“

„Кога почнува да се разденува, спуштете ги ролетните затоа што некои магични сили може да го разбудат бебето ако спие со отворени ролетни.“

„Бебето немојте да го мерите дома со метро затоа што само умрените ги мерат така.“

„Ако трудница гали мачка, бебето ќе биде влакнесто.“

„Трудниците не смеат да се фатат за стомак ако видат нешто грдо, затоа што така бебето ќе биде грдо.“

„Трудниците не смеат да ги прекрстуваат нозете, затоа што така бебето ќе се замота со папочната врвка околу врат.“

„Кога ќе ги сушите алиштата на бебето, внимавајте никогаш да не се превртени наопаку – така детето нема да расте и напредува убаво.“

„Не му давајте на детето да јаде риба, додека не прозборува.“

„Бебето од болница мора да го изнесе свекрвата.“

„Ако трудница украде нешто и после тоа се почеша, на тоа место детето ќе има белег во форма на украдениот предмет.“

„Детето да не се шиша до крштевка – попот е првиот кој треба да го земе праменчето коса.“

„Ако трудницата е разубавена, носи момче – во спротивно, девојче, затоа што девојчето ѝ ја зема убавината.“

„Идната мајка не смее да купува алишта за бебето додека е бремена за да нема тешко породување.“

„Ако случајно шутнете со нога куче додека сте бремени, детето ќе мора да го мачкате со пепел за да му испаднат вишокот влакна.“

„Сите кои ќе дојдат на повојница, мора да бидат поканети и на прв роденден.“

„Ако постојано се флекате по стомакот додека готвите и јадете, и вашето дете ќе биде постојано со дамки при јадење.“

„Ако трудница ви побара нешто, не смеете да ја одбиете за да не ве следи баксуз.“

Слободно дополнете ја листата со вашите приказни и суеверија кои ги имате слушнато. Верувате ли во некоја од овие?

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg