Секој треба да знае: Како да испратите СОС порака со локација на вашите контакти ако сте во опасност?

Посакуваме никогаш да не ви затреба, но добро е да знаете и да споделите со најблиските дека на мобилните телефони постои опција, со која за неколку секунди се испраќа порака со вашата локација на избрани СОС контакти од вашиот именик. 

sekoj-treba-da-znae-kako-da-ispratite-sos-poraka-so-lokacija-na-vashite-kontakti-ako-ste-vo-opasnost-01.jpg

Живееме во време кога за жал никој не може да се чувствува 100% безбедно, па во опасни ситуации важно е да знаете како да испратите повик за спас за неколку секунди.

Посебно девојките, како загрозена категорија за напади, но секако и момците кои може да се најдат во опасна ситуација, покрај средствата за самоодбрана, важно е да знаат и за овој трик.

Никому не посакуваме да се најде во опасна ситуација, но добро е да се знае дека на мобилните телефони може да се активира опција, со која со 5 пати стискање на копчето за вклучување/исклучување, ќе испратите СОС порака до најблиските.

Во опасни ситуации, никој нема време да се јави или да испрати порака некому за помош, па доколку недај Боже се најдете во опасност, сетете се само на овој трик, кој вирално се шири на социјалните мрежи.

  • Во поставките (Settings) на вашиот телефон, во Search, пребарајте Emergency SOS.
  • Потоа активирајте ја опцијата за Emergency SOS.
  • Во делот Emergency Contacts додадете неколку контакти од блиски луѓе на кои им верувате и кои знаете дека би ви биле од помош, но истовремено известете ги за ова.
  • Откако ќе ги поставите овие опции, најчесто на повеќето телефони, со притискање 5 пати на копчето за вклучување/исклучување на телефонот, се испраќа порака до вашите избрани контакти со вашата точна локација. Начинот на кој се испраќа пораката на секој телефон е наведен кај делот за активирање на опцијата.
  • Споделете со најблиските! Се надеваме дека никогаш нема да ви затреба.

Андроид:

sekoj-treba-da-znae-kako-da-ispratite-sos-poraka-so-lokacija-na-vashite-kontakti-ako-ste-vo-opasnost-3.jpg

iOS:

sekoj-treba-da-znae-kako-da-ispratite-sos-poraka-so-lokacija-na-vashite-kontakti-ako-ste-vo-opasnost-2.jpg

По „вклучување на сирената“ за алармирање, од вашиот телефонски број се испраќа ваква порака до итните контакти:

sekoj-treba-da-znae-kako-da-ispratite-sos-poraka-so-lokacija-na-vashite-kontakti-ako-ste-vo-opasnost-povekje04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...

Најчитани неделава