Зошто некогаш нè „фаќа струја“ кога допираме нешто или се поздравуваме со некого?

Колку пати ви се случило да ве „фати струја“ кога допирате нешто или некого? Сите сме го почувствувале овој феномен, а за неговата појава одговорен е статичкиот електрицитет.

zoshto-nekogash-ne-fakja-struja-koga-dopirame-neshto-ili-se-pozdravuvame-so-nekogo-01.jpg

Но, што претставува статичкиот електрицитет и зошто се појавува?

Сè околу нас, вклучувајќи го и нашето тело, е составено од атоми. Атомите, пак, се составени од помали честитки – протони, електрони и неутрони. Протоните имаат позитивен полнеж, електроните негативен, а неутроните се неутрални.

Јадрото на атомот го сочинуваат протоните и неутроните, а електроните се движат околу него, во таканаречен електронски облак. Елементите во периодниот систем, односно нивните атоми имаат ист број електрони и протони, што значи имаат неутрален електричен полнеж.

Но некогаш, кога настанува триење помеѓу два предмета, едниот предмет може да ослободи електрони, со тоа станувајќи повеќе позитивно наелектризиран. Другиот предмет ги „собира“ ослободените електрони и станува повеќе негативно наелектризиран. Ова е познато како нерамнотежа во електричните полнежи, односно статички електрицитет.

zoshto-nekogash-ne-fakja-struja-koga-dopirame-neshto-ili-se-pozdravuvame-so-nekogo-03.jpg

Кога ќе допрете нешто, како волна или вашата коса, вашето тело собира електрони од нив. Кога потоа ќе допрете нешто што е повеќе позитивно наелектризирано, дел од „вашите“ електрони се ослободуваат и тогаш всушност чувствувате дека ве „фатила струја“.

Можеби сте забележале дека кога е студено, статичкиот електрицитет е почеста појава. Причината е тоа што кога е студено воздухот е посув. Во потоплите денови, во воздухот има повеќе вода, која е добар спроводник и го собира вишокот електрони од нас. Кога воздухот е сув, електроните се „таложат“ на нас па поголема е веројатноста да нè фати струја.

Исто така, кога во зима ќе го загреете домот, воздухот може да стане уште посув, па статичкиот електрицитет ќе биде уште почеста појава.

zoshto-nekogash-ne-fakja-struja-koga-dopirame-neshto-ili-se-pozdravuvame-so-nekogo-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...

Најчитани неделава