Гради од 50 килограми, жена со најдолга брада – најбизарните светски рекорди за убавина

Убавината, како и многу други нешта, е субјективна – она што ви е убаво вам, може да биде најгрдото нешто за некој друг. Но за некои работи, повеќето луѓе ќе се согласат дека изгледаат малку бизарно. На пример, ретко кој би рекол дека маникирот со нокти подолги од еден метар изгледа убаво.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-01.jpg

Сепак, дали поради желба за слава или затоа што навистина сметаат дека изгледа убаво, некои луѓе одат до крајности, а Гинисовата книга на рекорди е овде за да ги забележи нивните подвизи.

Па, погледнете кои се најчудните рекордери во светот кога станува збор за убавина и изглед:

Норма Стиц – гради од 50 килограми

Норма Стиц го држи светскиот рекорд за најголеми природни гради. Обемот на нејзините гради е над 170 сантиметри и имаат маса од неверојатни 50 килограми. Норма има 160 килограми, што значи нејзините гради „зафаќаат“ речиси третина од нејзината тежина.

Секоја жена со големи гради знае дека тие можат да предизвикаат болка во грбот и разни други проблеми, но Норма одбива да направи операција за да ги намали.

64-годишната жена си направила и кариера благодарение на големите гради и има снимено многу филмови за возрасни.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-02.jpg

Харнаам Каур – жената со најдолга брада

За разлика од повеќето жени на листава, Харнаам не се обидувала да изгледа необично, туку само научила да го прифати она што го сметала за недостаток. Па, денес оваа 30-годишна жена е најпозната по нејзината брада.

Во минатото, младата жена имала хормонални проблеми поради што почнале да ѝ растат влакна на лицето. Во тинејџерките години таа се срамела од ова и правела сè за да ги отстрани влакната, но со текот на времето ги прифатила. Денес таа гордо ја покажува својата брада, а благодарение на неа стана и доста популарна.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-03.jpg

Кети Јунг – половина од 38 сантиметри

Најтенката половина во светот ѝ припаѓа на Кети Јунг – рекорд кој го држи уште од 1980-тите.

Кети има 80 години и во младоста, кратко откако се породила по третпат, решила дека е време да ослаби. Но, Кети не застанала таму и почнала постојано да носи многу тесни корсети, а со текот на времето, од 66 сантиметри, нејзината половина се намалила на 38 сантиметри.

Кети вели дека постојано го носи корсетот и го вади само кога се бања, а наводно нема никакви здравствени проблеми од нејзиниот луд подвиг.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-04.jpg

Мартина Биг – жената која си ја промени бојата на кожата

Со години Мартина од Германија сонувала да стане жената со најголеми импланти и има направено неколку операции, но уште ја нема постигнато целта. Покрај тоа, таа сакала да си ја промени бојата на кожата, па редовно користела инјекции со меланин. Поради ова, денес Мартина има темна кожа.

Иако не е официјално потврдено, таа најверојатно е жената која примила најмногу вакви инјекции во светот, без разлика што експертите предупредуваат дека можат да предизвикаат рак.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-05.jpg

Ајана Вилијамс – најдолгите нокти во светот

Ајана го држеше рекордот за најдолгите нокти во светот, а ги немала исечено цели 30 години. Пред да ги исече, нејзините нокти беа долги 733 сантиметри, а ги растела уште од почетокот на 90-тите.

Нормално, ноктите ѝ претставувал проблем за многу нешта – на пример, таа не можела ни да си ги закопча панталоните.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-06.jpg

Шарлот Гутенберг – жената со најмногу тетоважи

Шарлот Гутенберг има 71 година и е жената со најмногу тетоважи во светот. Според Гинис, околу 98% од нејзиното тело е прекриено со тетоважи и единствено нема тетоважи на лицето и внатрешните делови од дланките и стапалата.

Она што е најинтересно е фактот дека таа си ја направила првата тетоважа кога имала 50 години. А, штом ја направила, веднаш сфатила дека сака да си го покрие целото тело.

gradi-od-50-kilogrami-zhena-so-najdolga-brada-najludite-svetski-rekordi-za-ubavina-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg