27 кратки потсетници за миговите кога се чувствувате изгубено и безнадежно

Сите си имаме денови кога се чувствуваме лошо и ни се чини дека ништо не оди по план. Во овие денови нормално е да се чувствувате изгубено или безнадежно, и може да ви биде тешко да се убедите дека нештата ќе бидат во ред.

27-kratki-potsetnici-za-migovite-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-i-beznadezhno-1.jpg

Сепак, имајте на ум дека во овие мигови вашата перцепција е поразлична од вообичаено и настојувате да се фокусирате само на негативното.

Затоа, кога ќе се најдете во ваква ситуација, прочитајте ги овие кратки потсетници кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и да си ја вратите самодовербата:

1. Само затоа што сега минувате низ тежок период, не значи дека секогаш ќе биде така.

2. Несреќата и незадоволството што ги чувствувате гледајте ги како добро нешто, бидејќи токму тие ве мотивираат да промените нешто и да се придвижите напред.

3. Сосема во ред е одвреме-навреме да бидете во вашата комфорна зона. Само, немојте да живеете таму.

4. Нормално е да ви недостасува минатото, но немојте да се обидувате да го вратите, бидејќи луѓето и околностите постојано се менуваат. Сè што можете да направите е да продолжите да се движите напред.

5. Имајте поголема доверба во другите луѓе бидејќи светот не е толку лошо место.

27-kratki-potsetnici-za-migovite-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-i-beznadezhno-02.jpg

6. Но, секогаш верувајте им и на вашите инстинкти и слушајте ги ако ве предупредуваат за некого.

7. Сосема нормално е да не знаете што правите или што сакате да правите следно. Сето ова е дел од вашето созревање.

8. Најголемите промени се случуваат кога се чувствувате најнепријатно.

9. Ако секогаш го чекате совршениот миг, целиот живот ќе ви помине во чекање.

10. Ако му дозволувате на стравот од неуспехот да ве сопре во намерата, никогаш нема да постигнете ништо.

11. Внимателно одбирајте ги вашите битки бидејќи многу е поважно да бидете среќни, отколку да докажете дека сте во право.

27-kratki-potsetnici-za-migovite-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-i-beznadezhno-05.jpg

12. Никогаш нема да им удоволите на сите или да имате исти верувања и сфаќања со сите. Прифатете го тоа и не обидувајте се да ги промените другите.

13. Научете да се прифатите себеси онакви какви што сте. Дури тогаш ќе бидете вистински среќни.

14. Неуспехот е најдобриот учител – мора да се соочите со критики и одбивање за да знаете на што треба да поработите.

15. Заборавете на потребата да контролирате сè и некогаш дозволете ѝ на судбината да ве води, но немојте да се откажувате од вашите најголеми соништа.

16. Одвреме-навреме ќе ви треба пауза од сè, и тоа е сосема нормално.

27-kratki-potsetnici-za-migovite-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-i-beznadezhno-03.jpg

17. Во ред е ако понекогаш се чувствувате тажно и неисполнето.

18. На повеќето луѓе не им е воопшто грижа дали вие ќе успеете или нема да успеете, бидејќи сите се фокусираат на себе. А, ако некој ви даде совет за како да се подобрите, бидете му благодарни.

19. Ако не сте задоволни од нешто во вашиот живот, а имате можност да го промените, направете го тоа.

20. Немојте да го криете вашето вистинско јас, само за да добиете нечие признание. На овој начин ќе ги привлечете вистинските луѓе во вашиот живот.

21. Не плашете се и не срамете се да го побарате она што знаете дека е најдобро за вас.

22. Сте ги преживеале сите проблеми и тешкотии со коишто сте се соочиле досега. Кога-тогаш, ќе ги надминете и сегашните проблеми.

27-kratki-potsetnici-za-migovite-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-i-beznadezhno-04.jpg

23. Ако постојано се чувствувате изгубено или заглавено, тоа е јасен знак дека е време да промените нешто во животот.

24. Вие сте многу, многу посилни отколку што мислите дека сте.

25. Не можете да го промените минатото, но секој ден можете да ја направите вашата иднина подобра.

26. Само затоа што некогаш ви треба помош, не значи дека сте слаба личност.

27. Дури и ако ви се чини дека целиот ваш свет се руши, не заборавајте дека ќе бидете во ред.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg