Вирално видео: „Тешко им е на младите мајки“ – син ја критикува мајка си поради провокативната облека

Оваа мајка стана популарна откако на ТикТок сподели видео во кое син ѝ го коментира нејзиниот смел стил на облекување и вели дека таа „покажува премногу“.

viralno-video-teshko-im-e-na-mladite-majki-sin-ja-kritikuva-majka-si-poradi-razgolenata-obleka-01.jpg

Ерика Гајтан објави видео коешто било направено додека се обидувала да се фотографира заедно со синот, а истото, иако е кратко, веќе има над 1,3 милиони прегледи.

Во видеото Ерика се појавува во тесна маичка со длабоко деколте и многу кратки пантолони, а синот ја замолува да се пресоблече, затоа што „покажувала премногу“.

„Син ми е многу загрижен за мојот изглед“ - вели таа во видеото пред да ја покаже нејзината комбинација во целост.

Исто така, таа не се согласува со неговиот коментар, па вели: „Како тоа покажувам премногу?“

На ова синот одговара дека не сака кога „мажите гледаат во неа“. Сепак, таа цврсто стои на ставот дека „никој нема да ја гледа“ и го прашува што ќе направи ако сепак се случи тоа.

Таа го објави видеото со опис „Тешко им е на младите мајки“, а дебатата на мајката и синот предизвика дискусии и на социјалните мрежи.

Некои сметаат дека таа треба да го послуша синот, а други дека таа е возрасна жена и може сама да одлучи што ќе носи. Што мислите вие?

@monaag93

He is sooo over protected with me ? #fyp #Mexicanmomsbelike #funny #foryou #viral

♬ original sound - Monaag93

Инаку, Ерика е доста активна на социјалните мрежи, a на нејзиниот Инстаграм профил објавува повеќе смели и провокативни изданија:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg