Бањање со црвено јајце, удирање на девојките со врбови прачки – Како се прославува Велигден низ светот?

Во пресрет на најголемиот христијански празник, христовото воскресение Велигден, сите земји кои го прославуваат имаат различни традиции и обичаи кои варираат од држава до држава.

Kako-se-proslavuva-Veligden-niz-svetot-01.jpg

Дознајте како се прославува Велигден во различни делови на светот, вклучувајќи ја и Македонија. 

Секако, од традициите во разните земји постојат исклучоци и различни обичаи.

Франција

Црковните ѕвона одѕвонуваат во Франција секој втор ден, но за време на трите велигденски празнични денови се неми. Според легендата, се верува дека тие заминале во Рим со цел да бидат благословени. Тие повторно почнуваат да ѕвонат точно во недела на Велигден. Што се однесува на трпезата, слично како и кај нас, главниот избор на Французите е печеното јагнешко месо.

Германија

За Велигден секое дете добива кошничка полна со подароци, чоколади и велигденски јајца од родителите. Овие кошнички се скриени во дворот, па по враќањето од црква, секое дете среќно и возбудено ја бара својата кошничка.

Овој обичај е типичен за руралните, германски области каде што луѓето имаат големи градини, додека во урбаните делови на Германија луѓето одат на велигденска прошетка во природа, па ги кријат велигденските кошнички полни со вистински и чоколадни јајца низ дрвјата и грмушките со цел децата да се забавуваат додека се во потрага по нив.

Канада

Главната атракција во Канада за Велигден е големото јајце, архитектонско ремек-дело на Paul Maxum Sembaliuk конструирано во 1975 година во чест на украинските спогодби. Јајцето симболизира живот, просперитет и добра среќа. За време на празникот има многу актерски претстави, велигденски пеења и богати трпези кои задолжително вклучуваат колачиња со јаболка.

Чешка

Освен бојадисаните велигденски јајца, во Чешка постои многу необичен обичај којшто се нарекува „Камшикување на девојки“. Овој настан традиционално се одвива во понеделник, а на тој ден момчињата лесно ги удираат девојките со плетена гранка од врба којашто се нарекува Помлазак.

Се верува дека гранчињата со коишто се удирани девојките ќе им донесат добро здравје, младост и благосостојба. За возврат, девојките им подаруваат на момчињата велигденски јајца.

Бугарија и Романија

На Велика сабота се ставаат сол, брашно, квасец и јајца на прозорците, а од овие состојки во понеделник се меси велигденско лепче. Лебот се јаде за појадок и истиот треба да донесе плодна и успешна година.

Шпанија

На сплавови се поставуваат украсни фигури со ликови од библиски приказни за христовото воскресение. Често може да се видат велигденски поворки кои пеат песни.

Русија

Денот пред Велигден сите цркви се отворени во текот на ноќта и се организираат верски поворки околу црквите. Во домаќинствата веќе е испечен познатиот „кулич“, кој претставува традиционален празничен леб што го симболизира Христовото тело. Велигденското утро започнува со посета на соседите и размена на велигденски јајца.

Холандија

Холанѓаните слично како и Германците организираат потрага за дечињата по шарени или чоколадни јајца, кои според верувањата ги носи велигденското зајаче.

Што се однесува до украсувањето за време на овие празници, дел од декорот во холандските домови се велигденските јајца и разни пролетни тематски декорации, па така голем број домови се декорирани со врбови гранчиња, мали дрвени јајца и други украси. Во источните делови на Холандија вообичаено се палат велигденски огнови.

САД

Во САД се прават големи велигденски паради во кои предводниците носат велигденски свеќи или крстови. Најинтересното традиционално обележја за време на овој празник е популарната игра со шарени јајца Easter Egg Roll која се одржува во Вашингтон, односно во Белата куќа.

За овие празници се подготвува специјалитет со варена шунка или јагнешко, а потоа се игра традиционалната потрага скриените јајца.

Македонија

Главното обележје на Велигден во Македонија се вапсаните јајца во црвена боја кои ја симболизираа христовата крв. Јајцата се бојадисуваат рано пред изгрејсонце на Велики четврток или пак на Велика сабота. Во текот на Велика сабота, домаќинките вредно ја подготвуваат велигденската неделна трпеза.

За Велигден се меси погача, која се украсува со плетенки и во која се прават вдлабнатини, во кои се ставаат велигденски јајца. Во некои делови, обичај е мајките да ги помилуваат децата со првото вапсано велигденско јајце и да ги изговорат зборовите „Црвено-бело, здраво-дебело“, а во саботата се бањаат дечињата со истото јајце вапсано во четвртокот.

(О)Милена| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg