„Како изгледам кога позирам vs. како изгледам во реалноста“ - инфлуенсерка ја открива вистината зад совршените Инстаграм фотки

Британската ријалити ѕвезда на нејзиниот Инстаграм профил објавува реални и искрени фотографии од нејзиното тело. Таа во последната година има мисија на нејзините 4,7 милиони следбеници да им покаже како навистина изгледа нејзиното тело преку фотографиите што ги објавува.

Britanska-rijaliti-dzvezda-Telata-ne-treba-da-bidat-sovrsheni-treba-da-bidat-realni-01 (1).jpg

Претходно таа објавуваше совршени и уредени фотографии, направени од соодветен агол и со добро светло, а сега на фотографиите таа се обидува да ги покаже сите несовршености со коишто и таа самата се соочува. И таа, како и сите други жени, има проблеми со подуен стомак и проблеми со кожата на лицето.

Oбожавателите ги поздравија новите фотографии каде таа седната на работната маса во кујната покажа како изгледа нејзиниот стомак во реалноста. На фотографијата ја гледаме 33-годишната Британка во бикини со сите несовршености: превиткан стомак и незатегнати бутови.

„Телата не треба да бидат совршени … Тие треба да бидат реални! Ова е само мало потсетување за сите вас: Престанете да се споредувате себеси со непознатите луѓе на интернет“ – напиша Вики.

Таа понатаму нагласува дека таа споредба често знае да ви го уништи доброто расположение и прашува колку пати се случило да бидеме во совршено расположение и да разгледаме што има на Инстаграм и сме бомбардирани со нашминкано и лажно совршенство.

„Продолжувате да скролате, само Бог знае зошто, а тоа станува форма на тортура, дури и самоповредување додека ги гледате лицата со филтери, мазната кожа, витките тела, скапите автомобили, скапите часовници, совршените семејства и насмеаните двојки. И така, пак се чувствувате како ѓубре.

Сум го направила ова безброј пати… Седев и скролав низ социјалните медиуми сè додека не ми се допаѓаше моето тело, си ја мразев кожата. Сè додека не се чувствував доволно добро. Тажно е што сум дозволила нешто што воопшто не е реално да ми го украде доброто расположение“ – пишува таа.

Инаку претходно, Вики изјави дека пред неколку години била опседната со тоа да објавува сјајни и перфектни фотографии на социјалните медиуми. Како што рече, постојано користела филтери и гледала да ги искористи најдобрите агли.

Според неа, нема ништо лошо во тоа, да се прикажеш себеси во најдобро светло на социјалните мрежи, но треба да бидеме подготвени да ги покажеме и несовршеностите. Сè е во балансот.

Во продолжение уште фотографии од Вики:

 

152391183_4294277630601100_116237413414056980_n.jpg

152606884_334388381306198_1730124585558135572_n.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“ Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава