Добропознати бонтон правила кои секоја дама треба да ги има на ум

Ако се шетате на улица со свој пријател/ка, а тој/таа се сретне и се поздрави со некоја личност, тогаш и вие треба да се поздравите со таа личност. Се разбира, ова не важи само за дамите, туку за сите.

dobropoznati-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-ima-na-um-01.jpg

Ако сте жена која се грижи што ќе помислат други за неа, тогаш многу е важно да запомните дека најважен е првиот впечаток што ќе го оставите некому.

Секоја културна, префинета и воспитана дама треба секогаш да ги има овие правила на ум.

Правила кои треба добро да ги запомните:

- Ако се шетате на улица со свој пријател/ка, а тој/таа се сретне и се поздрави со некоја личност, тогаш и вие треба да се поздравите со таа личност.

- Кога ќе влезете први во некоја просторија задолжително треба да ги поздравите присутните.

- Никогаш не ги држете лактите на маса.

dobropoznati-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-ima-na-um-03.jpg

- Не ги прекинувајте луѓето среде реченица, ислушајте ги, па потоа обратете им се.

- На комплиментите одговарајте со „Благодарам“, а не со „Знам“ за да не оставите впечаток на препотентна личност со превисоко мислење за себе.

- Кога ќе погрешите, секогаш извинете се, без разлика за кого станува збор.

- На состаноците секогаш доаѓајте во договореното време, а задачите завршувајте ги во предвидениот рок.

dobropoznati-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-ima-na-um-02.jpg

- Никогаш не исмевајте никого, шеги правете само на своја сметка.

- Секогаш бидете облечени соодветно на пригодата.

- Поздравете ги сите соседи во зградата, љубезноста и насмевката ќе ви го разубават денот и вам и на нив.

- Никогаш не фрлајте отпадоци на улица, дури и да нема корпа за отпадоци, отпадокот ставете го во чантата додека не наидете на корпа.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Бонтон правила кои ќе ве спасат од непријатни ситуации (да не оставите впечаток на вулгарна и некулт... Не одете во ресторани покрај плажа само по костим за капење, оставајте го јавнио...

Најчитани неделава