„Си направив дом на тркала – ова се најголемите проблеми со коишто се соочив, а за кои никој не зборува“

Кели Моет од САД е 24-годишна девојка која решила да си направи дом на тркала од стара камп-приколка. Црпејќи инспирација од многуте фотки и видеа од социјалните мрежи, била убедена дека целиот проект ќе помине лесно и ќе го заврши за месец-два. Но штом ја купила приколката, сфатила дека реалноста е многу поразлична.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-01.jpg

Сите барем еднаш сме посакале да имаме ваков дом и со него да патуваме низ светот, но неретко она што го гледаме на Инстаграм не ги прикажува сите предизвици кои доаѓаат со овој подвиг.

Бидејќи ретко кој може да си купи нов дом на тркала, повеќето луѓе кои се одлучуваат на ваков начин на живот самите реновираат автобуси, камп-приколки и слични поголеми возила.

Од она што го гледаме на социјалните мрежи ни се чини дека ова реновирање е забавен и не многу комплициран процес, но за Insider, Кели решила да ги открие сите предизвици со кои се соочила.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-09.jpg

Кели купила камп-приколка од 1980-ите за 1.500 долари.

„Набрзо се изненадив кога сфатив дека реновирањето на камп-приколка не е воопшто гламурозно како што ни прикажуваат на Инстаграм и ТикТок“.

Во продолжение погледнете што вели Кели за нејзиното искуство:

Нема ниту еден водич кој ќе ви каже од каде да почнете или кој треба да биде следниот чекор

Првиот ден кога ја купив приколката, седев и зјапав во неа. Почнав да размислувам за тоа како ниту едно од видеата што ги изгледав не ме подготви за овој момент – самиот почеток.

Ми беше тешко да направам детален план пред да почнам. Тешко е да го дизајнирате ентериерот кога немате искуство со тоа и немате талент за уметност.

Исто така, не сфатив колку е грозно чистењето на камп приколката. Мојата приколка купена на старо имаше предмети кои воопшто не сакав да ги допрам, како искористени тоалети, облека и ќебиња.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-03.jpg

Многу работи нема да одат по план, а непредвидените проблеми ќе ве чинат пари и време

Нема ништо гламурозно во стресот и паниката откако ќе сфатите дека секое мало реновирање значи часови работа. Ми беше тешко да си ги намалам очекувањата во споредба со она што го гледав на социјалните мрежи.

За мене најголем проблем беше подот на приколката. Иако на огласот пишуваше дека има само мал рѓосан дел кај вратата, по 10 минути истражување открив дека речиси целиот под е оштетен.

Она за коешто мислев дека ќе ми требаат 45 долари и пет минути, се претвори во работа која траеше пет дена и ме чинеше 500 долари.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-04.jpg

Најмалата грешка може да ве скрши и да ве чини многу пари

За жал, не помислив дека е можно да направам грешка додека ја реновирам приколката. Исто така, не сфатив колку скапи можат да бидат овие грешки.

Нема полошо чувство откако ќе сфатите дека мора да фрлите цела греда од скапо дрво, само затоа што не сте измериле правилно и сте ја исекле повеќе од што треба.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-05.jpg

Има огромен притисок крајниот резултат да биде совршен

Јасно ми е дека овој проект го правам сама и со свој буџет, но не можев а да не се споредувам со луѓето кои работат во тим и имаат многу повеќе пари. Уште потешко е справувањето со љубомората кога ги гледате ремек-делата на ТикТок и Инстаграм.

Чувствував постојан притисок да направам нешто на коешто не само јас, туку и другите ќе бидат горди.

si-napraviv-dom-na-trkala-ova-se-najgolemite-problemi-so-koishto-se-soochiv-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...

Најчитани неделава