Мајка се отпишала од средно за да може да се грижи за ќерката – годинава дипломирале заедно на Денот на мајката


Мајка се отпишала од средно за да може да се грижи за ќерката – годинава дипломирале заедно на Денот на мајката

Марсија Томас била принудена да се отпише од средно за да може да се грижи за ќерка си, но оваа година успеала да заврши факултет, но и да дипломира во ист ден со ќерка ѝ.

majka-se-otpishala-od-sredno-za-da-mozhe-da-se-grizhi-za-kjerkata-godinava-diplomirale-zaedno-na-denot-na-majkata-01.jpg

Кога Марсија Томас останала бремена во тинејџерските години, морала да се отпише од средно. Тогаш младата мајка морала да најде начин да ја издржува својата ќерка, па решила да го напушти училиштето и да најде работа.

Кога се родила ќерка ѝ Аманда Рос, на Марсија не ѝ било воопшто лесно сама да се грижи за неа, но дала сè од себе за да ѝ овозможи што е можно подобар живот.

Марсија ја мотивирала ќерка си да се запише на факултет, па таа завршила педагошки на Florida State University. Откако Аманда и самата станала мајка, посакала да се запише и на магистерски студии, а тогаш добила одлична идеја – да ја убеди мајка ѝ да го продолжи своето образование.

majka-se-otpishala-od-sredno-za-da-mozhe-da-se-grizhi-za-kjerkata-godinava-diplomirale-zaedno-na-denot-na-majkata-02.jpg

Марсија со задоволство го прифатила предлогот и почнала онлајн студии по психологија, надевајќи се дека ќе дипломира заедно со нејзината ќерка. И, се случило токму тоа.

Годинава, токму на Денот на мајката, Аманда и Марсија дипломирале, со што Марсија станала психолог.

majka-se-otpishala-od-sredno-za-da-mozhe-da-se-grizhi-za-kjerkata-godinava-diplomirale-zaedno-na-denot-na-majkata-03.jpg

Нивната приказна стана толку попопуларна, што беа интервјуирани и за американска телевизија. Во ова интервју, Марсија откри дека наметката и капата за денот на дипломирањето ги добила како подарок од ќерка си, уште пред да го заврши факултетот. Овој подарок, пак, ѝ помогнал на Марсија да не се откаже во миговите кога била анксиозна.

„Го отворав гардероберот и ја гледа наметката. Ја облекував, застанував пред огледало и си велев: ’Да, можеш да одиш до крај‘“, вели Марсија.

majka-se-otpishala-od-sredno-za-da-mozhe-da-se-grizhi-za-kjerkata-godinava-diplomirale-zaedno-na-denot-na-majkata-04.jpg

Сега и Марсија планира да се запише на магистерски студии, исто како нејзината ќерка. Таа вели дека е горда и пресреќна не само затоа што конечно завршила факултет, туку затоа што имала можност да го сподели ова прекрасно искуство со ќерка си.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најтетовираната мајка од Велика Британија - 95% од кожата ѝ е со тетоважи (фото) Беки тврди дека е најтетовираната жена во Велика Британија и открива дека добива...
„Мислат дека внукот ми е син, а ќерка ми сестра“ - жена од Сиднеј се соочува со интересни коментари Жена од Сиднеј има две големи ќерки, за кои луѓето мислат дека ѝ се сестри. Која...
Сите прашања кои ги мачат невестите: Ќе издржам ли цела вечер на штикли? И што ако заврне? Најромантичниот ден во животот на еден пар е денот на нивната свадба. Да, но во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg