Чорапи, сирење, растенија – најлудите и најнеобичните автомати од целиот свет (фото)
Модерните автомати постојат повеќе од еден век и додека на почетокот се користеле само за разгледници, денес од нив можете да купите скоро сè - од кафе, до месо и храна за вашето куче.
Автоматите се доста практичен изум и денес ги има насекаде. Првите „модерни“ автомати кои работеле со монети биле инсталирани во Лондон во 1880-тите и служеле за продавање разгледници.
Набрзо станале вистински хит низ автобуските и железничките станици, по некое време почнале да се користат и за продавање пликоа и хартија за пишување, а биле поставувани и во пошти.
Во 1893, германска компанија почнала да продава чоколадо со автомати и по некое време почнале да се користат и автомати за цигари, кибрит и гума за џвакање.
Со текот на времето автоматите почнале да се прославуваат низ целиот свет и да се користат за продавање на практично сè – од храна, до продукти за хигиена.
Автоматите се честа појава и кај нас, но обично се за храна и пијалаци. Но, ширум светот постојат автомати за најнеобичните работи, како јајца, храна за кучиња, па дури и парче торта.
Во продолжение погледнете фотки од најлудите и најинтересните автомати од целиот свет споделени на Редит:
„Во Јапонија најдов автомат за мали фигури со фотка од вашиот лик. Отсекогаш сакав да бидам нинџа“
Автомат кој дава книга по случаен избор за два долари
„Во училиштето ни инсталираа автомат со лекови и продукти за хигиена“
„На железничка во Париз има автомат кој печати кратки приказни што можете да ги читате додека чекате“
„На факултет имаме автомат за жици за виолина и други корисни предмети и продукти за инструменти“
„Најдов автомат за торти!“
Автомат за чорапи
„Во хотелот каде што отседнувам има автомат за шампањ“
„Во Швајцарија имаме автомат за разни видови сирење и кашкавал“
Автомат за капи за мачки во Јапонија
„Јас сум од Холандија и овде имаме автомати за јајца“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





