5 ситуации кои може да значат опасност

Од бели пликоа на седиштето, до паркирање до високо возило - кои се дел од работите кои ни изгледаат како да се случиле сосема случајно, а може да бидат знак за опасност.

5-situacii-koi-moze-da-znacat-opasnost-001.jpg

Не велиме дека треба да почнете со црни сценарија, туку само да бидете потпретпазливи ако:

1. Најдете бел плик на седиштето во автомобилот

Белиот плик на седиштето е знак дека некој успеал да влезе во автомобилот, дури и кога сте го заклучиле. Но, ова не е крајот на играта.

Во пликот може да има порака која гласи: „Драг господине/Драга госпоѓо, како што можете да забележите, безбедносниот систем не ви е во ред и лесно може да биде пробиен. Се надеваме дека ќе ни платите за овој тест, по што ќе пратиме стручно лице кое ќе го зајакне безбедносниот систем на автомобилот.“

Не си ги фрлајте парите на луѓе кои смислиле лесен и нечесен начин да се збогатат.

5-situacii-koi-moze-da-znacat-opasnost-04.jpg

2. Расипан таксиметар

Ако влезете во такси на кое таксиметарот не му работи, не би требало да подолжите да се возите.

Покрај тоа што ќе ви наплати повеќе од вообичаено, ова е сигурен знак дека се возите на диво, со лице кое никој не го контролира.

5-situacii-koi-moze-da-znacat-opasnost-03.jpg

3. Паркирате до високо комбе

Паркирањето на автомобилот до високо комбе или друго превозно средство може да ве направи мета на кражби, поради слабата видливост.

5-situacii-koi-moze-da-znacat-opasnost-05.jpg

4. Банката телефонски ве контактира и ви го побара пинот

Запомнете една работа: на банката никогаш не ѝ треба вашиот пин код.

Па, кој и да ви се јави и да ви ги побара овие четири цифри, најдобро е да му ја спуштите слушалката, бидејќи се работи за измама.

5-situacii-koi-moze-da-znacat-opasnost-01.jpg

5. Се бара од вас да платите на специфичен начин

Ако картичката со која плаќате секаде, одеднаш не ви е прифатена за одредена услуга и ви се бара одреден тип на картичка, ваучер и слично, подобро е да не плаќате.

5-situacii-koi-moze-da-znacat-opasnost-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава