Свекрвата секогаш е главна и уште 7 правила што жените од Кина мораат да ги следат откако ќе стапат во брак

Дали би го заборавиле вашето семејство штом ќе стапите во брак? Дали би ја слушале свекрвата по секоја цена, без разлика дали е неразумно тоа што кажува? Многу жени во Кина немаат избор освен да ги прифатат овие работи.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-01.jpg

Иако е прекрасна, факт е дека Кина е по малку контроверзна држава. Тамошните жители си ја сакаат културата и неретко следат традиции стари со години, кои воопшто не се вклопуваат во модерното општество.

За жал, некогаш некои луѓе страдаат поради следењето на овие традиции, а можеби најпогодени се жените, особено откако ќе стапат во брак. Секако, секогаш постојат исклучоци.

Погледнете кои се правилата што мажените жени од Кина најчесто мораат да ги почитуваат:

Свекрвата секогаш e главна

Во кинеските семејства, мајката на сопругот е највисок авторитет и сите треба да ја слушаат и почитуваат. Таа се наоѓа на врвот на хиерархијата во домот и наводно е бесполезно членовите од семејството да пробуваат да се расправаат со неа.

Од друга страна, снаата се наоѓа на дното и речиси и да нема никаков глас во семејството. Дури откако ќе добие дете може да се искачи погоре.

Иако нам ова ни се чини сурово, наводно Кинезите го гледаат авторитетот на свекрвата како грижа за семејството.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-02.jpg

Штом ќе стапи во брак, семејството на сопругот станува поважно за жената

Од жените во Кина се очекува да обрнуваат повеќе внимание на родителите на сопругот, отколку на нивните. Истовремено, жените не смеат да ги одбијат свекорот и свекрвата, но и кој било од семејството на мажот, без разлика што ќе побараат од нив.

Слично како кај старата традиција кај нас, жената во Кина ги нарекува родителите на сопругот „мамо“ и „тато“, но наводно и мажот го прави истото со родителите на сопругата.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-03.jpg

Разводот е најсрамното нешто

Некои бракови, едноставно, не функционираат, па и за двајцата партнери најдобриот избор е разводот. Но, не и во Кина.

Овде разводите се најсрамното нешто и штом жената еднаш ќе се разведе, останува обележена од општеството.

Разводот во Кина е таква табу-тема, што од пред околу една година на сила стапи закон според кој сопружниците кои поднесуваат барање за развод мора да почекаат 30 дена за да се „изладат“.

Ако во тој период не се премисли ниту еден од нив, дури тогаш можат да се разведат.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-04.jpg

По породување, жената не смее да излезе од дома цел месец

Во Кина пости традиција според која жената којашто ќе се породи мора цел месец да седи само дома.

Наводно, традицијата настанала околу 960 година, кога стапката на смртност кај мајките и новороденчињата била многу висока. Па, со тоа што ја терале жената да седи само дома, на некој начин веројатно ја заштитувале.

Денес, со медицината што ни е достапна, јасно е дека оваа практика е бесмислена, но некои семејства уште ја почитуваат традицијата и ги тераат жените да седат дома цел месец откако ќе се породат.

Некогаш жените одат и во посебни центри каде што добиваат нега од медицински лица.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-05.jpg

Кратко породилно отсуство

Жените во Кина можат да земат породилно отсуство во времетраење од 98 денови. Наводно, најчесто жените земале месец-два породилно отсуство, а поради краткиот период не ни пробуваат да ги дојат нивните деца, туку веднаш ги навикнуваат на формула за новороденчиња.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-06.jpg

Сите можат да им даваат совети за децата

Нема ништо лошо во советите од другите, но ретко која мајка сака да слуша странци кои ѝ кажуваат што треба, а што не треба да прави со детето.

Во Кина ова е сосема нормално и случајните минувачи често им дофрлаат „совети“ на мајките како: „Детето е дебело/слабо“, „Давај му повеќе вода“, „Не му давај вода“…

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-07.jpg

Бабите мораат да се грижат за внуците

За родителите, помошта од бабите и дедовците е повеќе од добредојдена, но во Кина ова е обврска за жените кои имаат внуци.

Не е важно дали тие сакаат или имаат време да се грижат за нивните внуци – ако не го прават тоа ќе бидат презирани од буквално сите.

Да нагласиме дека ова правило не важи за дедовците.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-08.jpg

И бабите постојано им даваат „совети“ на жените за нивните деца

Мајките мораат да ги трпат и „советите“ од нивните свекрви, не само од странците. Доста често бабата што се грижи за детето ја критикува мајката за скоро сè – од начин на држење, до менување пелени.

А, на мајките сигурно не им е лесно секојдневно да се справуваат со тоа.

svekrvata-sekogash-e-glavna-i-ushte-7-pravila-shto-zhenite-od-kina-moraat-da-gi-sledat-otkako-kje-stapat-vo-brak-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg