Наспијте се за 4-5 часа – РЕМ техника за спиење која делува кај сите

Факт е дека понекогаш немаме многу време за спиење, па мораме да се соочиме со новиот ден со само 4-5 часа сон. Иако е речиси невозможно да се наспиете за 4 до 5 часа, ако следите некои принципи и правила, можете да се чувствувате одморено и со малку сон.

naspijte-se-za-4-5-casa-rem-tehnika-za-spienje-koja-deluva-na-site-01.jpg

Како функционира оваа техника за РЕМ спиење?

Опуштете се пред да заспиете. Не можете да заспиете со своите грижи и проблеми. Одвојте 10-15 минути пред спиење, во кои ќе размислувате за нешто убаво или ќе слушате музика која смирува.

Не го оптоварувајте стомакот пред да си легнете и не се прејадувајте. Во спротивно, телото целата енергија ќе ја потроши на варење на храната.

За спиење користете посебен „прибор“ кој вклучува – перница со ароматично масло, маска за преку очи и тампони за уши, доколку ви се потребни.

naspijte-se-za-4-5-casa-rem-tehnika-za-spienje-koja-deluva-na-site-04.jpg

Истуширајте се со топла вода пред спиење. Ова не е само од хигиенски причини, туку и одлично „измивање“ на сите непотребни информации и емоции во текот на денот.

Спијте под топла прекривка. Човечкото тело многу полесно заспива во ладна просторија, под топол прекривач.

naspijte-se-za-4-5-casa-rem-tehnika-za-spienje-koja-deluva-na-site-02.jpg

Одредете си еден ден во неделата, по можност за викенд, кога ќе можете мирно да отспиете „за наредните денови“ кога знаете дека ќе немате многу време за спиење. Односно, тој ден дозволете си да отспиете 8-10 часа.

Легнувајте си пред 24 часот. Во овој период, телото најбрзо потонува во сон.

Сите горенаведени правила за РЕМ спиење се возможни само ако имате добра организација на местото каде спиете, добри услови за спиење и позитивен став кон сонот.

naspijte-se-za-4-5-casa-rem-tehnika-za-spienje-koja-deluva-na-site-03.jpg

Ако почнете да се чувствувате уморно, тогаш портудете се да најдете повеќе време за спиење. Бидејќи некогаш на сите ни се случува да немаме многу време за спиење, користете ја оваа техника само во тие мигови.

Не заборавајте дека сонот е важен за нашето здравје и ако на вашиот организам му се потребни повеќе од пет часа, послушајте го.  

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава