Лицето открива сè за човекот – Што значи кога имате тенки веѓи, полни усни или големи очи?

Се верува дека одредени црти на лицето и надворешниот изглед можат да ви помгнат да протолкувате за каква личност станува збор.

liceto-otkriva-se-za-chovekot-shto-znaci-koga-imate-tenki-vegji-polna-usta-ili-golemi-ochi-01.jpg

Врз основа на обликот на лицето, очите, веѓите и усните може да се откријат многу карактерни особини. Дали личноста е отворена или не, дали има смисла за хумор, колку има самодоверба, дали може да ѝ се верува...

Се верува дека посебно внимание треба да им се посвети на овие делови од лицето при анализа на личноста:

Обликот на веѓите

Се верува дека луѓето со широки и дебели веѓи сакаат да бидат доминантни, додека луѓето со тенки веѓи се пофлексибилни и имаат „полесна“ природа. 

Ако некој има екстремно тенки, речиси невидливи веѓи, тоа значи дека не е сигурен во себе и дека му треба многу време за да стекне нечија доверба.

liceto-otkriva-se-za-chovekot-shto-znaci-koga-imate-tenki-vegji-polna-usta-ili-golemi-ochi-02.jpg

Форма на усни

Се верува дека на луѓето со пополни усни им е потешко да чуваат тајни и имаат тенденција, дури и несвесно, да зборуваат за туѓите животи, додека луѓето чија горна усна е потенка од долната се исклучително лојални.

Исто така, колку е поголемо растојанието помеѓу носот и усните, толку е подобра смислата за хумор кај личноста, додека малото растојание помеѓу носот и усните укажува на личност која лесно се навредува и не поднесува шеги на своја сметка.

liceto-otkriva-se-za-chovekot-shto-znaci-koga-imate-tenki-vegji-polna-usta-ili-golemi-ochi-03.jpg

Облик на очи

Реченицата „очите се огледало на душата“ ни е добро позната, а со помош на очите може да се прочита за каква личност станува збор.

Големите очи симболизираат отвореност, особено ако личноста со крупни очи се смее гласно. Таквите луѓе имаат силни чувства и често сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Покрај тоа, луѓето со големи очи се повеќе склони кон импулсивни реакции.

Од друга страна, се верува дека луѓето со поситни очи се позатворени и срамежливи типови.

liceto-otkriva-se-za-chovekot-shto-znaci-koga-imate-tenki-vegji-polna-usta-ili-golemi-ochi-04.jpg

Форма на лице

Издолженото лице без премногу изрази укажува на личност која е склона кон долга анализа на нештата. Таквите луѓе често се неодлучни, тешко преземаат ризици и се несигурни.

За разлика од нив, луѓето со тркалезно лице и подвижни изрази на лицето главно имаат голема самодоверба, комуникативни се и речиси секогаш го постигнуваат она што го сакаат.

liceto-otkriva-se-za-chovekot-shto-znaci-koga-imate-tenki-vegji-polna-usta-ili-golemi-ochi-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Очи, уста, нос, веѓи – Што говори вашиот омилен дел од лицето за вашата личност? Веѓите се израз на самодовербата, усните на начинот на кој комуницирате со прија...
Јапонска теорија – што кажува вашата крвна група за вас + љубовни комбинации според крвната група Додека луѓето со крвна група О и крвна група Б би биле одличен пар, луѓето со кр...
Лицето ѝ се дефомирало од болест, била нарекувана „најгрдата жена во светот“ – Тажната приказна на М... Животот на Мери Ен бил генерално добар – работела како медицинска сестра, била в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg