Годините се само број - Највлијателните модни личности на Инстаграм постари од 50 години (фото)

Овие жени со својот префинет моден вкус ги уриваат сите предрасуди и докажуваат дека годините не се пречка за беспрекорен стил.

Najvlijatelnite-modni-licnosti-na-insta-vo-sedmata-i-osmata-decenija-01.jpg

Со оглед на долгогодишната опседнатост на модната индустрија со млади луѓе, постојат и многу стилски личности кои покажуваат голема модна свест, храброст и подготвеност за експериментирање, иако веќе не се во своите дваесетти и триесетти години.

Тие имаат стотици илјади обожаватели на нивните Инстаграм профили и докажуваат дека убавата жена, едноставно, не старее.

Погледнете како изгледаат дел од највлијателните модни личности постари од 50 години:

Линда Родин (73)

Препознатлива по својата женствена модна естетика, долгата седа коса и црвениот кармин, Линда ги урива сите предрасуди за тоа како треба да изгледа една жена во осмата деценија од животот.

Таа работела како стилистка на модните кампањи на италијанскиот Vogue и Victoria's Secret, а светот на убавината го освоила со своите масла и козметиката „Rodin“.

Лин Слејтер (68)

Во светот полн со 20-годишни модни блогерки, Лин не е само големо изненадување во оваа индустрија, туку некоја која сериозно може да се натпреварува со популарните девојки.

Оваа професорка и социјален работник го започнала блогот Accidental Icon (случајна икона) во 2014 година и оттогаш го привлекува вниманието со својот стил каде и да се појави.

Инес де ла Фресанж (64)

Француската манекенка Инес де ла Фресанж била муза на познатиот дизајнер Карл Лагерфелд и важи за олицетворение на парискиот стил, заокружен со модната библија La Parisienne, која ја објави во 2010 година.

Грес Ганем (53)

Грес е личен тренер и живее во Монтреал. Во светот на инфлуенсерите влегла случајно, преку блогирање заедно со нејзината ќерка. 

Нејзиниот Инстаграм сега има речиси 700.000 следбеници и ја направи една од најбараните инфлуенсери за големите моќни брендови како Sephora, Club Monaco и Farfetch.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава