Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата!

Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или „Стара е за да се шета вака облечена…“ или пак „Влегла во менопауза, а се однесува како да има 20 години... “.

stara-e-da-se-sheta-vaka-oblecena-predrasudi-za-zenite-nad-50tata-01.jpgфото: pexels.com

Од овие предрасуди произлегува возрасна дискриминација – верување дека по одредена возраст жените треба да изгледаат и да се однесуваат „позрело“ и дека одредени модни избори или однесувања не им прилегаат.  На жените над 50 години им се сугерира дека не треба да го покажуваат своето „старо и грдо тело“, да не носат кратки сукњи, да избегнуваат силна шминка или облека во ведри бои која се смета за „младешка“... Не би требало ли стареењето да го прифаќаме со самодоверба и достоинство, наместо со срам?

Додека кај мажите стареењето е знак на моќ и искуство, кај жените секоја брчка е оправдание за ограничување и осуда. Иако 93% од граѓаните сметаат дека постои родова нееднаквост во нашето општество, меѓу нив околу 40% од мажите сметаат дека прашањето за родова еднаквост е пренагласено. Факт е дека кругот на предрасуди и нееднакви односи околу нас e тежок за да се пробие ...

Како да ги скршиме предрасудите околу носењето сукња?

Проблемот на сите жени е тоа што сe идентификувани според изгледот, а не според нивните срца или умови, можеби денес женската „сукња“ после 50-тата година е мoќна и ослободена од стереотипи и предрасуди околу нејзиниот изглед.

Жените се сѐ повеќе еманципирани и едуцирани и повеќе не молчат. Но интересн е феноменот кога жените стигматизираат други жени наместо да се поддржуваат и да застанат една до друга – бидејќи една жена не се раѓа за да се вклопи во туѓи стандарди за убавина и да се покори – таа станува слободна кога носи сопствени одлуки, се едуцира, го избира сопствениот изглед и на тој начин го креира својот уникатен животен пат, својата животна приказна...Затоа жени после 50 та само напред  облечете кратка сукња ако тоа вие е ќеф, разгалете се со убави нешта и ич да не вие гајле за коментарите.

Ослободувајќи се себеси , ги ослободувате и оние другите кои не се свесни дека им го отворате патот.

Поттикнати од кампањата на Македонски Телеком #НаправиМесто, која повикува на отвореност и меѓусебно разбирање, а која оваа година е фокусирана на надминувањето на предрасудите, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за вести и приказни кои ги надминуваат предрасудите и ги рушат бариерите. 

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg