Зошто некои луѓе имаат потреба од дремка во текот на денот и зошто тоа е добро?

Се верува дека дремењето постоело и кај нашите најдалечни предци, а изгледа дека оваа „активност“ не е никакво губење време - напротив, носи многу придобивки.

zoshto-nekoi-lugje-imaat-potreba-od-dremka-vo-tekot-na-denot-i-zoshto-toa-e-dobro-01.jpg

Ако не вие, тогаш сигурно познавате барем една личност која сака да си дремне во текот на денот.

Додека за некои луѓе дремењето е само губење време, за други може да биде неопходно. А, дремењето и не е така бесполезно и всушност може да ви биде од голема корист.

Зошто некои луѓе мораат да дремат и кои се придобивките од тоа?

Донекаде одговорни се гените

Според резултатите од истражување објавено во Nature, потребата за дремка во текот на денот може да зависи и од гените.

Истовремено, потребата за дремење може да потекнува и од начинот на спиење во текот на ноќта. Односно, ако некој не може да спие многу навечер, во текот на денот е поверојатно да почувствува потреба за дремка.

zoshto-nekoi-lugje-imaat-potreba-od-dremka-vo-tekot-na-denot-i-zoshto-toa-e-dobro-02.jpg

Дремењето е добро и за децата, и за возрасните

Се претпоставува дека кај децата, дремката во текот на денот ја подобрува меморијата и им помага во процесот на учење нови нешта.

Слично е и кај возрасните – меморијата се подобрува и подобро се анализираат собраните информации.

zoshto-nekoi-lugje-imaat-potreba-od-dremka-vo-tekot-na-denot-i-zoshto-toa-e-dobro-03.jpg

Намален замор

Ова е најочигледна придобивка од дремката – само 20-тина минути ќе ви помогнат да се чувствуваат посвежо и поодморено, а со тоа и да размислувате подобро и да бидете попродуктивни. 

zoshto-nekoi-lugje-imaat-potreba-od-dremka-vo-tekot-na-denot-i-zoshto-toa-e-dobro-04.jpg

Зголемена креативност

Кога сте уморни, страдаат и креативноста, и продуктивноста. А, бидејќи дремката ќе ви помогне да се чувствувате поодморено, тоа значи дека има позитивно влијание и на овие нешта.

zoshto-nekoi-lugje-imaat-potreba-od-dremka-vo-tekot-na-denot-i-zoshto-toa-e-dobro-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава