Водич за „добри сопруги“ од 1950-та: Не се жалете ако мажот дошол доцна, соблечете му ги чевлите

Секогаш имајте подготвена вечера, бидете свежи кога ќе дојде сопругот и поправете ја шминката, не го дочекувајте од работа со поплаки и запомнете дека неговите разговори се поважни од вашите... Колку од овие правила од минатото се применуваат денес и дали воопшто треба да биде така?

namestete-mu-ja-pernicata-i-soblechete-mu-gi-chevlite-vodich-za-dobri-soprugi-od-1950-ta-godina-01.jpg

Во мај 1955-та година, Housekeeping Monthly го објавил текстот насловен The Good Wife’s Guide (Водач за добра сопруга) каде се напоменуваат повеќе работи што жената треба да ги прави за да биде добра сопруга и добра мајка.

Голем дел од вас можеби ќе се насмеат на овие препораки, но убаво е да видиме што било вообичаено во општеството некогаш и како изгледале односите меѓу сопружниците во минатото.

Правила кои жените требало да ги следат во минатото за да бидат „добри сопруги“:

1. Секогаш имајте подготвена вечера. Затоа добро е да направите план ден претходно што ќе направите за вечера. Тоа ќе биде начин да му покажете дека мислите на него и дека се грижите за неговите потреби.

2. Најголемиот број мажи се гладни кога ќе си дојдат од работа и тоа што знаат дека дома можат да очекуваат добар оброк (особено ако е нивното омилено јадење) ќе им биде вистинско: „Добредојде“.

3. Подгответе се за сопругот. Секогаш одморете 15-тина минути за да бидете свежи кога ќе си дојде. Коригирајте ја шминката, ставете панделка во косата... Тој го поминал цел ден со сериозни луѓе.

4. Внесете хумор и потрудете се да му бидете забавни. Најверојатно потребно му е поткревање на расположението и ваша задача е да го направите тоа.

5. Расчистете го домот. Пред да со дојде сопругот важно е да ги соберете сите книги, играчки, непотребна хартија и да ја пребришете прашината од масите.

namestete-mu-ja-pernicata-i-soblechete-mu-gi-chevlite-vodich-za-dobri-soprugi-od-1950-ta-godina-03.jpg

6. Во месеците кога е студено вие сте тие што треба да запалат оган за тој да може удобно да одмори. Вашиот сопруг ќе се чувствува како да е на седмо небо додека одмара, а тоа ќе го подобри и вашето расположение. 

7. Подгответе ги децата. Измијте им ги рацете и лицата (ако се мали), исчешлајте ги и ако има потреба пресоблечете ги.

8. Тој ќе си дојде уморен затоа потрудете се децата да бидат што е можно потивки. Кога ќе си дојде не пуштајте машина за перење или правосмукалка.

9. Бидете среќни што го гледате. Дајте му топла насмевка и покажете му дека искрено сакате да го задоволите. Слушајте што сака да ви каже.

10. Можеби имате стотици работи што треба да му ги кажете, но кога ќе си дојде од работа не е вистинскиот миг за тоа. Оставете прво тој да каже што има – запомнете неговите разговори се поважни од вашите.

11. Запомнете дека вечерта е негово време. Никогаш не треба да се жалите доколку си дошол дома доцна или бил на вечера, или некаде излегол без вас. Наместо тоа, обидете се да сфатите дека тој постојано е под притисок и кога е дома, тој треба само да одмори.

namestete-mu-ja-pernicata-i-soblechete-mu-gi-chevlite-vodich-za-dobri-soprugi-od-1950-ta-godina-04.jpg

12. Мора да се осигурате дека домот е местото каде што тој ќе може во мир и спокој да ги одмори и телото и духот.

13. Немојте да го пречекувате со поплаки и проблеми.

14. Направете да се чувствува удобно. Дозволете му да седне во омилената фотелја или да си легне во собата. Секогаш треба да го имате подготвено неговиот омилен пијалак.

15. Наместете му ја перницата и понудете се да му ги соблечете чевлите. Говорете тивко со милозвучен глас.

16. Никогаш немојте да го прашувате што прави и немојте да го доведувате во прашање неговиот интегритет. Запомнете тој е глава во куќата и тој најдобро знае што треба да се прави. Никогаш не треба да се сомневате во него.

17. Добрата жена секогаш знае каде ѝ е местото.

Што мислите, би можеле ли да живеете вака? Дали овие верувања во целост се исфрлени или познавате некои жени што сè уште ги применуваат овие правила за среќен брак?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава