10 брутално искрени причини зошто животот ви е досаден

Секогаш имате изговор да ги откажете плановите со пријателите, целосно сте ја запоставиле грижата за себе, а најголемиот дел од времето го минувате во тренерки пред телевизор.

10-brutalno-iskreni-prichini-zoshto-zhivotot-vi-e-dosaden-01.jpg

Дали постојано ви е досадно и не ни знаете како да го искористите слободното време? Дали можеби обвинувате сè и секој околу вас за ова?

Ако сте во ваква ситуација, голема е веројатноста вината да е само ваша.

Во продолжение 10 причини зошто:

Кога пријателите ве молат да излезете, вие упорно ги одбивате

Премногу е студено, премногу е топло, излеговте пред еден месец, не сте расположени за излегување – постојат безброј причини зошто да ја одбиете поканата од пријателите.

Сосема нормално е некогаш да не бидете расположени за дружба, но ако постојано ги одбивате поканите од пријателите, немојте да се чудите зошто постојано ви е досадно.

Избегнувате секаква активност за која треба да облечете нешто друго освен тренерки

Повеќето забавни нешта не се случуваат додека седите пред телевизор во тренерки.

Ако поголемиот дел од времето го минувате вака, нормално дека ќе ви биде досадно.

10-brutalno-iskreni-prichini-zoshto-zhivotot-vi-e-dosaden-02.jpg

Сте немале секс цела вечност

Добро размислете кога последен пат сте имале секс. За скоро сите луѓе, сексот е нормална потреба која не треба да се запостави.

Сексот е активност со која не само што ќе ја „убиете“ досадата, туку и ќе се мотивирате да правите многу други нешта.

Ако сте во среќна врска, немате изговор зошто да немате секс. Ако сте сингл, морате да излезете од дома за да запознаете некоја интересна личност.

Сте се запуштиле и физички и ментално

Дали сте престанале да водите грижа за вашиот изглед? Дали сте престанале да водите грижа за менталното здравје? Дали сте престанале да правите работи што ви причинуваат задоволство?

Тогаш не е ни чудно што речиси секогаш ви е досадно.

10-brutalno-iskreni-prichini-zoshto-zhivotot-vi-e-dosaden-03.jpg

Никогаш не иницирате дружба со пријателите

Кога последен пат сте поканиле пријател на пијачка или барем на гости? Дали чекате пријателите да го направат тоа за на крај само да ги одбиете?

Време е и вие да станете иницијатор за каква било дружба ако постојано ви е досадно.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава