„Јас сум фризерка - кои се најиритантните работи кои ги прават клиентите?“

Грешка 1: Кога ја подигнуваат главата од лаворот додека имаат пена на косата. Грешка 2: Кога зборуваат за време на фенирање, а јас се мачам да ги слушнам.

jas-sum-frizerka-i-mrazam-koga-klientite-gi-pravat-ovie-iritantni-potezi-01.jpg

Шенон е девојка која работи како фризерка во Њу Орлеанс и на социјалните мрежи постојано споделува детали од својата работа.

Таа си ја обожава професијата, но отворено кажува и дека има доста работи што ја нервираат и тоа најчесто се должи на иритантното однесување на нејзините клиенти.

Шенон споделува дел од работите кои најмногу ја иритираат кај клиентите:

Кога ја подигнуваат главата од лаворот додека имаат пена на косата.

Кога зборуваат за време на фенирање, а јас се мачам да ги слушнам.

Кога имаат нереалистични очекувања за тоа како сакаат да изгледа нивната фризура.

Кога не ми ја сфаќаат сериозно професијата.

Кога ми доаѓаат со фотографија од некоја девојка со филтри и сакаат нивната коса да изгледа така.

Кога клиентката на која ѝ ја осветлуваш косата со месеци, ненадејно одлучува дека сака да ја бојадисаш црна.

Кога клиентките не го слушаат советот дека не треба да ја мијат косата секој ден.

jas-sum-frizerka-koi-se-najiritantnite-raboti-koi-gi-pravat-klientite-10.jpg

Но, Шенон признава дека и стилистите некогаш прават грешки, а дел од тие се:

Кога не прават што сака клиентот, туку прават што сакаат тие самите.

Кога ги озборуваат другите стилисти.

Кога клиентката те убедува дека е во ред да ѝ ја осветлиш косата, а ти ја убедуваш дека нејзината коса не може да го издржи тоа.

Нејзиниот ТикТок профил со совети следете го ТУКА!.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...

Најчитани неделава