50-годишна жена ги освојува социјалните мрежи со нејзините косплеј трансформации (фото)
Соланж од Бразил е хит на социјалните мрежи благодарение на нејзините косплеј трансформации. Костимите ги изработува сама и најчесто се преправа во повозрасни ликови од популарните филмови и серии.

Зборот „косплеј“ означува преправање во популарни ликови од филмови, серии и видеоигри, а обично ова е хоби на помлади лица.
Луѓето кои се занимаваат со ова хоби обично сами ги изработуваат нивните костими, што значи овој „перформанс“ бара и многу креативност и талент.
Иако, како што рековме, обично помладите се оние кои сакаат да се преправаат во култни ликови, одвреме-навреме се појавува и некоја постара личност која ужива во ова хоби. Токму ваква личност е Соланж од Бразил.

Позната како Tia Sol (тетка Сол) на Фејсбук, 50-годишната Соланж на својот профил редовно споделува фотографии од нејзините косплеј трансформации.
Таа најчесто се преправа во повозрасни ликови, како бабата на Моана и Урсула од „Малата сирена“ и сама ги изработува костимите.
А, и самите ќе забележите дека секоја трансформација заслужува аплауз.
Дел од најзабавните трансформации на Соланж:
Бабата на Моана од Moana

Урсула од The Little Mermaid

Мадам Мим од The Sword in the Stone

Самовилата од Cinderella

Стројницата од Mulan

Бабичката од Looney Tunes

Мјуриел од Courage the Cowardly Dog

Јубаба од Spirited Away

Самовилата од Shrek

Спирова С. | Црнобело