10 „тивки“ знаци по кои ќе познаете дека некоја личност е богата

Многу богатите луѓе немаат логоа на облеката, но нивната облека е квалитетна, добро скроена, совршено чиста/испеглана и одлично им прилега.

10-tivki-signali-deka-nekoja-lichnost-e-bogata-01.jpg

На Редит е поставена темата „Што тивко вреска дека некоја личност е богата“, а луѓе даваат свои гледишта на темата.

Дел од ставовите на тема „по што ќе ги познаете богатите луѓе“:

Немање логоа на облеката, но нивната облека е квалитетна, добро скроена, совршено чиста/испеглана и одлично им прилега.

Плаќање сметка во ресторан за сите, но на лежерен начин, ненаметливо, речиси нечујно.

Немање никаков тип на возбуда, а уште помалку желба за фотографирање, кога се возат во авион, па дури и приватен џет – тоа им е секојдневие.

Често носат фармерки и сосема обични маички и ниту на крај на ум нема да ви падне дека се екстремно богати.

Спонтаноста со која функционираат, односно ненадејно носење на одлука за патување на некоја дестинација и инстатно букирање на билети.

10-tivki-signali-deka-nekoja-lichnost-e-bogata-01 (2).jpg

Незнаење на цените за намирниците кои се купуваат секојдневно или пак за цената на струјата.

Нема ниту грам двоумење дали да јадат во одреден ресторан, иако на менито нема цени.

Ги користат парите за да си обезбедат време, наместо времето за да обезбедат пари.

Имаат втор дом или викенд вила, но не чувствуваат притисок дека мора интензивно да го/ја користат.

И за крај – не се грижат дали другите луѓе мислат дека тие се богати или не.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава