Психолошки тест: Изберете чанта и дознајте каква личност сте

zabaven-test-izberete-chanta-i-doznajte-shto-govori-vashiot-izbor-za-vas-01.jpg

1. Креативен минималист

За вас секогаш помалку е повеќе, сакате да бидете организирани на наједноставен можен начин. Сепак, тоа не значи дека нештата треба да бидат црно-бели, сакате да внесете боја за нештата да бидат забавни и интересни.

Од вашиот избор може да се дознае дека од домот не излегувате со премногу работи, туку со себеси ги носите само најосновните и најнеопходните предмети.

2. Идеалист

Вие сте оптимистички настроени идеалисти. Секој што верува дека може сѐ што му треба да собере во толку мала чанта, најверојатно има големи соништа (коишто понекогаш не се ниту реални).

Сакате да пробате нови работи и да преземате ризици, затоа што не се плашите од тоа да сонувате.

3. Модна икона

Вие сте најдобро облечени меѓу пријателките, со вас секогаш имате добра чанта и очила за сонце.

Вас не можат да ве забележат без добар маникир, а честопати се соочувате со критики дека не носите практични избори кога станува збор за модата. Сепак не ви е грижа за тоа, најважно ви е да изгледате најдобро.

4. Бизнис жена

Вие сте жена што секогаш е насочена кон остварување на сопствените цели, а се гордеете со својата независност и остварените успеси.

Каде и да одите, вашата омилена чанта е со вас, каде ги носите сите неопходни работи за денот што е пред вас.

Вие сте родени за да бидете лидер, не се плашите да го кажете своето мислење, а најчесто имате проблем да прегризете јазик и да не го кажувате тоа што ви е на ум.

5. Секогаш подготвени за забава

Без вас не може да почне ниту една забава и свесни сте за тоа.

Вие сте постојано подготвени за нови дружења и нови познанства, а постојано сте подготвени да посетите некој нов клуб или локал.

Според изборот на чанта може да се процени дека сте ноќна птица на која најголем непријател ѝ е утринскиот аларм, а кога сте излезени зрачите со енергија и живот.

6. Мултитаскер

За вас чантата е рачен куфер, во која постојано треба да ви бидат достапни сите предмети што би можеле да ви затребаат во текот на денот.

Постојано сте во движење и немате време ниту да земете здив.

Постојано си трупате нови обврски затоа што сметате дека е подобро да имате нешто што треба да го сработите, отколку да ви биде здодевно.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg