11 навики на богатите луѓе (кои може да ви помогнат да станете поуспешни)

Навика и правило 1: Имаат големи соништа, и тоа не нов автомобил или голема куќа, туку соништа кои изгледаат недостижно за нивните врсници или околина.

12-naviki-na-bogatite-lugje-koi-mozhete-da-gi-primenite-i-vie-01.jpg

Некои луѓе едноставно знаат како да заработат. Пoчнуваат со еден бизнис, па се префрлаат на друг, па ја шират мрежата на трет и сè им оди од рака.

Што ги разликува нив од другите?

Во што се крие нивната тајна?

Навики на богатите луѓе, кои може да ви послужат и вам:

1. Водат сметка за своите финансии и имаат силна контрола над нив – секогаш се држат до буџетот, ги ценат парите и не прават непромислени потези.

2. Но, од друга страна не се плашат да ризикуваат – не постои богат човек, кој не изгубил пари, едноставно свесни се дека постои ризик и некогаш ќе добијат, а некогаш ќе изгубат.

3. Читаат многу, и тоа книги кои ги надградуваат и учат како да бидат уште подобри, како да растат и во што се крие клучот на успехот.

4. Имаат големи соништа, и тоа не нов автомобил или голема куќа, туку соништа кои изгледаат недостижно за нивните врсници или околина, се водат од она насочете се кон месечината, па ако ја промашите, ќе завршите на некоја ѕвезда.

12-naviki-na-bogatite-lugje-koi-mozhete-da-gi-primenite-i-vie-04.jpg

5. Го ценат многу своето време и свесни се дека тоа е единствената работа која парите не можат да ја купат, се фокусираат на продуктивни активности и не губат многу време на социјални мрежи на пример.

6. Избегнуваат да губат многу време на гледање телевизија, односно си поставуваат временска рамка во која можат да го прават тоа, за во останатиот дел од денот да се посветени на попродуктивни работи.

7. Сметаат дека социјализацијата е клучот и важно им е да бидат во комуникација со успешни луѓе, свесни се дека градењето на мрежа од овој тип е клучна за нивниот успех.

12-naviki-na-bogatite-lugje-koi-mozhete-da-gi-primenite-i-vie-02_copy.jpg

8. Го ценат квалитетниот сон, знаат дека тој е од суштинско значење за наредниот ден да функционираат со полн капацитет.

9. Имаат трпение и свесни се дека ништо не е изградено за еден ден, па дури и година, знаат дека треба да мине долго време пред да го видат плодот од вложениот труд.

10. Вежбаат затоа што знаат дека физичката активност е најбрзиот начин за ослободување од стресот, за подобрување на фокусот, продуктивноста и расположението.

11. Никогаш не се откажуваат, дури и кога е најтешко се фокусирани на целите и не си дозволуваат да застанат на половина пат.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg