Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Имала мустаќи, мажите се убивале бидејќи ги одбивала и била симбол за убавина: Вистинската приказна за принцезата од Персија

Иако не е точно дека за „принцезата Каџар“ од Персија се убиле 13 мажи бидејќи ги одбила, тој период навистина постоеле принцези од династијата Каџар, кои со впечатливиот изглед и мустаќите биле симбол за убавина.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-01.jpg

Можеби на социјалните мрежи сте налетале на две-три фотографии од извесна персиска принцеза со впечатлив изглед, за која наводно неколку мажи се самоубиле.

На фотографиите што неколку години кружат на социјалните мрежи се гледа жена која е далеку од денешните стандарди за убавина и која има многу густи веѓи и изразени мустаќи.

Описот на фотографиите речиси секогаш тврди дека жената е принцезата Каџар од Персија која била симбол за убавина во нејзиното кралство. Исто така, според популарната објава, дури 13 мажи си го одзеле животот откако ја побарале за жена, а таа ги одбила.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-06.jpgЕдна од бројните објави на социјалните мрежи: „Принцезата Каџар. Симбол на убавина во Персија. 13 млади мажи се убиле бидејќи ги одбила“.

Иако приказната звучи забавно, голем дел не е воопшто вистината. Но сепак, некои детали и не се така далеку од реалноста. 

Разните фотографии што се споделуваат од принцезата Каџар, се всушност од две различни жени.

Двете жени се ќерки на Насер ал-Дин Шах Каџар од династијата Каџар која владеела со Персија. Па, не е ни чудно што изгледаат речиси идентично на фотографиите.

Името на едната е Фатима Канум и е родена во 1855 година, додека другата се вика Захра Канум и е родена во 1884 година.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-05.jpgПринцезата Фатима

Според историчарката Викторија Мартинез, иако голем дел од приказната е лага, принцезите, на некој начин, навистина биле симбол за убавина во тогашна Персија.

Таа цитира историчар од Харвард според кој „многу пишани извори, како и фотографии од 19-тиот век, потврдуваат дека жените од династијата Каџар имале мустаќи како знак на убавина“.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-07.jpgПринцезата Захра

Ова значи дека покрај принцезите, сите жени во палатата, вклучувајќи ги и другите ќерки на владетелот, имале мустаќи. Но, за двете принцези се зборува најмногу, само поради фотографиите со лажната приказна.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-02.jpgПринцезата Захра

Историчарите знаат дека едната од двете принцези најверојатно била омажена кога имала девет или десет години. Бракот речиси сигурно бил договорен, а ова е доказ дека девојката сигурно немала можност да одбие 13 мажи кои ја побарале нејзината рака.

Другата принцеза, пак, била како миленичка на татко ѝ, па тој ѝ дозволил да ги пречекува жените кои доаѓале на гости во палатата.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-03.jpgПринцезата Фатима (во средината) со нејзината ќерка и нејзината мајка

Спротивно на тогашните традиции кои им забранувале многу работи на жените, таа имала можност и да научи да свири клавир, па дури и да стане фотограф.

Всушност, таа била мошне силна жена, некаде опишувана како феминистка која ја поддржувала културолошката револуција во Персија.

Од принцезите има и многу фотографии. Всушност, тие се едни од најфотографираните жени од тој период. Наводно, причината за ова е љубовта кон фотографијата на нивниот татко, која едната од принцезите ја наследила.

imala-mustakji-mazhite-se-ubivale-bidejkji-gi-odbivala-kolku-vistina-ima-vo-prikaznata-za-princezata-kadzhar-od-persija-04.jpgПринцезата Фатима

Интересно е што иако биле симбол за убавина, принцезите не биле дефинирани на овој начин само според нивниот изглед, туку и според нивните добри дела.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажната жена последна се смее – Дора Мар, талентирана Југословенка чиј живот за малку ќе го уништел ... На Теодора Марковиќ, ќерката на познатиот хрватски архитект Јосип Марковиќ, изгл...
Приказната за сестрите и внуците на Никола Тесла - кој го пронашол мртов и го донел неговото наследс... Благодарение на неговите пронајдоци и достигнувања, Никола Тесла денес е познат ...
Хипонотизирачка убавина, живот исполнет со мистерија и гласини за афери – Омилената манекенка на Кок... Во 1950-тите години на минатиот век, на нејзината убавина ѝ се восхитувал целиот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg