Психолог советува: Работи за кои не смееш да му се извинуваш никому во животот

„Не мораш да се извинуваш за... Својот живот. Своите одлуки. Своите избори. Своите емоции. Својот избор на партнер...“, советува Јелена Пејовиќ, психолог од Црна Гора.

psiholog-od-crna-gora-sovetuva-raboti-za-koi-ne-smeesh-da-mu-se-izvinuvash-nikomu-vo-zhivotot-01.jpg

Јелена Пејовиќ е психолог од Херцег Нови, Црна Гора и на Инстаграм профилот „Питај психолога“ (Прашај психолог) постојано споделува совети со кои сака да им помогне на луѓето.

Една од последните објави на Јелена е посветена на тоа за што не треба да им се извинувате на другите.

Нејзината објава гласи:

Не мораш да се извинуваш за...

Својот живот.
Своите одлуки.
Своите избори.
Своите емоции.
Својот избор на партнер.
Промената на своите емоции.
Своите желби.
Своите планови.

Овој живот е еден и сам ги создаваш своите одлуки. Колку и да ти се чини дека другите влијаат, дека зависите од некого и дека морате нешто да направите, на крајот самите вие одлучувате за сè.

Некои одлуки се лесни, некои тешки, некои болни, некои ризични!

Секој проблем има решение, иако секое решение не е она кое нам ни се допаѓа.

psiholog-od-crna-gora-sovetuva-raboti-za-koi-ne-smeesh-da-mu-se-izvinuvash-nikomu-vo-zhivotot-05.jpg

Потоа таа продолжува:

Слободата не подразбира повредување на другите, ниту робување на нив. Некои одлуки ги носиме затоа што знаеме дека се најдобри и дека со нив мора да се носиме.

Како еволутивно најсовршени суштества, со разум, штета е да не го користиме и да се извлекуваме на нагоните.

Животот ќе ни ги повторува лекциите додека не ги научиме.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава