Рудари, оџачари, аргати – што сè морале да работат децата во мрачното минато?

Децата-оџачари биле мошне популарни во Лондон по големиот пожар во 1666 година. Тие биле купувани од нивните родители, некогаш и на 4-годишна возраст, и биле присилувани да влегуваат во тесните оџаци за да ги исчистат.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-01.jpg

Денес правата на децата се заштитени со закон.

На пример, според Законот за работни односи во Македонија, децата помали од 15 години или децата кои не завршиле задолжително образование не смеат да работат.

Постои мал исклучок за ова правило – овие деца можат да работат ако станува збор за активности што можат да ги извршат, но не подолго од четири часа дневно.

Слични закони има и во другите земји, а со нив децата се заштитени од потенцијална експлоатација.

Но во не толку далечното минато ситуацијата била многу поразлична. Односно, малите деца биле принудени да работат, некогаш и на само четири или пет години.

Неретко, децата работеле мошне тешка физичка работа која тешко би ја поднела и возрасна личност.

Што сè морале да работат децата во минатото?

Аргати

Децата чии семејства живееле на фарма морале и самите да работат на фармата, без оглед на нивната возраст.

Но, на фармите и плантажите работеле и деца од сиромашни семејства, неретко за многу, многу ниска плата.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-02.jpg

Чираци

Децата чираци обично биле на возраст од 10 до 14 години и генерално имале подобар живот од останатите деца на листава.

Тие исто така работеле напорно, но барем го учеле занаетот и потоа имале колку-толку сигурна работа.

Во период кога многу луѓе живееле во беда и сиромаштија, децата-чираци биле гледани како „среќни“ и „благословени“.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-03.jpg

Работници во фабрики за конзервирана храна

Условите во првите фабрики за конзерви биле ужасни. 

Децата работеле со часови и секој ден морале да ја сечат и да ја пакуваат храната во конзерви, а добивале околу пет центи за секоја кутија конзерви што ќе ја спакуваат.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-04.jpg

Чистачи на чевли

Покрај макотрпната работа и долгите работни часови, децата кои работеле како чистачи на чевли неретко се тепале едни со други.

Тие се натпреварувале за најпрометните места во градовите, со надеж дека ќе заработат нешто повеќе.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-05.jpg

Работници во фабрика за преработка на памук

Во Америка, додека робовите биле принудувани да работат на плантажите со памук, децата работеле во фабриките за негова преработка.

Тогаш новите машини што се користеле во фабриките го забрзувале целиот процес, но биле многу опасни.

Многу работници, вклучувајќи и деца, редовно губеле прсти, па дури и цели екстремитети, бидејќи никој не обрнувал внимание на нивната безбедност.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-06.jpg

Војници

Во минатото децата биле присилувани да учествуваат и во војни.

За жал, додека во повеќето земји ова е забрането со закон, во некои неразвиени држави децата војници се користат до денес.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-07.jpg

Рудари

Возрасните рудари едвај се справуваат со условите за работа во рудник, па само замислете како им било на децата.

Децата кои работеле како рудари се надевале дека ќе заработат повеќе пари и ќе можат да водат пристоен живот. Но, поради самата работа, обично завршувале само со проблеми со белите дробови.

Покрај тоа, рушењата на рудниците биле честа појава, па многу деца загинувале.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-08.jpg

Оџачари

Иако децата-оџачари имале мошне опасна работа, возрасните сметале дека вреди да се ризикува бидејќи штетата од нечист оџак можела да биде поголема.

Всушност, по големиот пожар во Лондон во 1666 година, многу почесто почнале да се користат деца како оџачари, од кои дел имале едвај четири години.

Децата биле купувани од нивните родители и биле присилувани да влегуваат во оџаците да ги чистат.

Ризиците со кои се соочувале се огромни – од паѓање и задушување, сè до заглавување во оџакот.

rudari-odzhachari-argati-shto-se-morale-da-rabotat-decata-vo-mrachnoto-minato-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава