Либански танчарки направија спектакл во финалето на America's Got Talent – ги натерала девојката која му го стопи срцето на Сајмон (видео)

Nightbirde, девојката која боледуваше од рак и му го стопи срцето на ладниот Сајмон Кауел, а неодамна почина, ги натерала либанските танчарки да се пријават на шоуто – сега тие влегоа во историјата на најдобри настапи откако приредија невидено спектакуларно шоу и победија.

Libanski-tancharki-imaa-spektakularen-nastap-vo-finaleto-na-Americas-got-talent-go-voodushevija-svetot-video 01 630x330.jpg

The Mayyas - тaнцовата група која влезе во историјата како еден од најдобрите настапи на America’s Got Talent, непрекинато ги „заслепува“ гледачите и судиите со своите маестрални изведби оваа сезона. И не е ни чудно што го освоија трофејот.

Со самото појавување овие либански танчарки беа наградени со Златен тастер од страна на Софија Вергара за време на аудициите на America's Got Talent оваа сезона, а нивниот настап на првата финална вечер, одржан на 13 септември сосема ја распламти јавноста.

Настапот започнува така што танчарка се појавува на сцената облечена во нешто што изгледа како огромен, брановиден фустан со пердуви - зад кој наскоро се открива дека се скриени другите танчарки.

Секоја од нив има свое парче пердуви, а самата синхронизираност навистина остава без зборови.

View this post on Instagram

A post shared by The Mayyas مَيّاس 🇱🇧 (@mayyasofficial)

Како што се развива кореографијата, танчарките држат блескави топки во двете раце, при што танцот станува визуелен спектакл на светлина.

За време на подготовките пред шоуто, изведувачите објаснија како нивната цел е да претстават „луѓе кои се здружуваат за една цел“ и дека „најдоброто допрва доаѓа“.

Девојката во белиот волуменозен фустан налик снег навидум е сама, а потоа фустанот „оживува“ благодарение на сите танчарки кои се кријат во него.

Жирито составено од Сајмон Кауел, Софија Вергара, Хајди Клум и Хауи Мендел беше маѓепсано, а воодушевената публика го крена либанското знаме во салата додека навиваше за прекрасните девојки.

Во продолжение нивниот спектакуларен настап:

Интересен факт е тоа што основач и кореограф на оваа танцова група е Надим Черфан, кој започнал да оди на часови по танц во Либан кога имал 14 години.

„Либан не се смета за место каде што можете да изградите кариера од танцување. Навистина е тешко, а уште потешко за една жена“, изјави тој за America's Got Talent.

Надим откри дека Nightbirde е таа што ги „натерала“ да се пријават на аудицијата за ова шоу. Таа беше беше натпреварувачка за време на AGT сезона 16 и за жал почина во февруари 2022 година, по долга битка со ракот.

Во продолжение погледнете неколку од настапите на оваа извонредна танцова група:

https://www.youtube.com/watch?v=4vJaBKEqM2o

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
Се сретна со биолошкиот татко, сака да црта: Каде е денес детето што беше оставено да умре од глад? Пред околу седум години, потресната фотографија на која се гледа прегладнето дет...
Докторка од САД мами воздишки со мускулестото тело: „Некои ме критикуваат, но не ги слушам“ Честопати добива коментари дека не е примерно докторка да изгледа вака, но Стејс...
На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Ма... Марина Чапман која живее во Англија тврди дека на 4-годишна возраст била киднапи...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg