20 знаци дека имате другарка, која ви е сестра по душа

Поголемиот дел од времето го минувате смеејќи се на тоа каков хаос сте двете и какви глупости во животот правите. Нема тема на која не разговарате, нема граница која не сте ја поминале, нема бивши партнер кој не сте го ставиле на тапет.

20-znaci-deka-imate-drugarka-koja-vi-e-sestra-po-dusha-01.jpg

Имате ли една таква пријателка која со гордост си ја нарекувате сестра по душа?

Ако за вас и вашата пријателка важи ова, тогаш навистина имате сестра по душа:

- „Господ нè направи пријателки, затоа што ако бевме сестри една мајка немаше да се справи со нас“ е фраза која важи за вас две.

- Неа си ја нарекувате семејството, па и често лажете дека сте сестри.

- Нема тема на која не разговарате, нема граница која не сте ја поминале, нема бивши партнер кој не сте го ставиле на тапет.

- Кога луѓето зборуваат со вас и бараат доверливост, разбираат дека другата по автоматизам ќе ја знае тајната.

- Кога зборувате со други луѓе постојано споменувате што кажала или направила таа.

- Таа ви ѕвони со поинаква мелодија од другите луѓе и само на неа ѝ кревате секогаш и секаде.

20-znaci-deka-imate-drugarka-koja-vi-e-sestra-po-dusha-02.jpg

- Кога ќе се каже пријателка, премалку е да за се опише вашето неверојатно пријателство, вие едноставно сте сродни души.

- Омилени ноќи ви се кога сте само вие две, уживате во добра музика и си зборувате до рано наутро.

- Преземате некои нејзини навики како свои и обратно.

- Само една со друга си го разбирате лудилото.

- Буквално знаевте дека ќе бидете најдобри пријателки од мигот кога се запознавте.

- Работите на кои се смеете вие две, му немаат смисла буквално на никој друг.

- Кога се чувствува лошо една од вас, другата ја развеселува со нарачување вино и пица или буквално со други излитени финти од романтичните комедии.

20-znaci-deka-imate-drugarka-koja-vi-e-sestra-po-dusha-03.jpg

- Поголемиот дел од времето го минувате смеејќи се на тоа каков хаос сте двете и какви глупости во животот правите.

- Вашето семејство почна да ја кани неа постојано на семејните собири, а и нејзиното вас.

- Вашите родители прашуваат за неа како е и што прави.

- Клише е, но си замислувате како вашите деца ќе растат заедно, а и можеби дека вашите сопрузи ќе бидат другари од исто друштво.

- Не се прашувате какви планови има за викендот, затоа што знаете дека ви се заеднички.

- Не е важно колку време е поминато од вашата последна средба, вие знаете буквално сè за случувањата во нејзиниот живот.

- Секогаш ве разбира, дури и пред да ѝ кажете што не е во ред и токму тоа ве прави неразделни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава