7 работи кои откриваат повеќе детали за нашиот карактер од психолошки тест

Иако средното биро е знак за одговорна личност, расфрланото биро не значи дека личноста е неодговорна – многу почесто ова укажува на креативност.

7-raboti-koi-otkrivaat-povekje-detali-za-nashiot-karakter-od-psiholoshki-test-01.jpg

Нашите секојдневни навики, малите избори што ги правиме во текот на денот, како и состојбата во којашто се наоѓа нашиот дом навистина можат да откријат работи за нас кои не сме ги знаеле.

Дел од нив во продолжение:

Креветот покажува колку сме среќни

Со анкета во којашто учествувале 68.000 испитаници се утврдило дека 71% од луѓето кои секое утро си го местеле креветот се чувствувале посреќно.

Повеќето од нив ги сакале нивните работни места, имале свои домови, вежбале редовно и, генерално, спиеле подобро.

Од друга страна, анкетата покажала дека 62% од луѓето кои не си го местат креветот наутро се чувствуваат несреќно.

Односно, не се задоволни од работното место, живеат под кирија, не се физички активни и не спијат многу добро.

7-raboti-koi-otkrivaat-povekje-detali-za-nashiot-karakter-od-psiholoshki-test-02.jpg

И перниците на креветот можат да откријат некои детали

Според психологот Ли Чејмберс, начинот на којшто ги местиме перниците на креветот открива некои работи за нашиот карактер.

На пример, ако сакате перниците да се подредени по големина и/или боја, веројатно сте личност со натпреварувачки дух и личност која поставува јасни граници во односот на другите.

Ако, пак, ги мешате боите и големините, тогаш сте креативна личност.

Ако само го фрлате перниците на креветот, тогаш сте самостојна и ефикасна личност.

Ако на вашиот кревет нема други перници освен оние што ги користите за спиење, тогаш вие сте практична личност.

7-raboti-koi-otkrivaat-povekje-detali-za-nashiot-karakter-od-psiholoshki-test-03.jpg

Фиоката за чорапи ја открива нашата скриена страна

Доктор Хелен Фишер е биолог и антрополог и смета дека фиоката во којашто ги чуваме чорапите може да открие многу за нашата скриена страна.

На пример, луѓето со најнеуредни фиоки за чорапи делуваат како внимателни личности кои следат правила и сакаат сè да им е „под конец“.

Но, кога се дома, тие не ги следат овие принципи, односно ја покажуваат нивната скриена, неуредна страна.

7-raboti-koi-otkrivaat-povekje-detali-za-nashiot-karakter-od-psiholoshki-test-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg