10 појадоци од земјите ширум светот што веднаш ќе сакате да ги пробате

Вафли од Белгија, syrinki од Русија и churros од Шпанија се само дел од појадоците од земјите ширум светот кои вреди да ги пробате барем еднаш.

10-pojadoci-od-zemjite-shirum-svetot-shto-vednash-kje-sakate-da-gi-probate-01.jpgфото: Инстаграм

Во модерното општество, појадокот во многу земји во светот е речиси ист. Јајцата, житариците, печивата и овесните каши се можеби најпопуларниот избор за појадок во повеќето држави.

Сепак, во минатото секоја држава си имала посебни оброци за појадок, а дел од нив се популарни и денес.

Веруваме дека сте слушнале за обилниот англиски појадок кој содржи пржени јајца, двопек, колбаси, па дури и сланина, но дали знаете како изгледаат појадоците во други земји, како Венецуела или Египет?

10 вкусни појадоци од земјите ширум светот што сигурно ќе сакате да ги пробате:

Arepa – Венецуела

Arepa е вид лепче направено од пченкарно брашно кое е популарен избор за појадок во Венецуела, но и Колумбија.

Оваа храна можете да ја сретнете и во други земји, како Боливија и Панама.

Тестото се прави од пченкарно брашно, а потоа се подготвува на разни начини – се пече, се пржи или се вари.

Во зависност од областа (но и земјата) рецептот може да варира.

Во Венецуела лепчињата обично се прават подебели, па потоа се сечат на половина и од нив се прави сендвич.

10-pojadoci-od-zemjite-shirum-svetot-shto-vednash-kje-sakate-da-gi-probate-02.jpg

Silog – Филипини

Овој филипински појадок главно содржи пржен ориз и пржено јајце. Со него се служат и додатоци како сланина или други видови месо.

На Филипините можете да најдете безброј варијанти на ова јадење и бидејќи оризот и јајцата лесно се комбинираат со друга храна, можете да додавате што сакате.

10-pojadoci-od-zemjite-shirum-svetot-shto-vednash-kje-sakate-da-gi-probate-03.jpg

Menemen – Турција

Ова популарно јадење во Турција се јаде и за појадок, но и за ручек.

Се прави со јајца, домати, пиперки, зачини и маслиново масло.

Некогаш се додава и кромид, но најчесто само кога јадењето се приготвува за ручек, а не за појадок.

10-pojadoci-od-zemjite-shirum-svetot-shto-vednash-kje-sakate-da-gi-probate-04.jpg

Ful medames – Египет

Покрај Египет, ова јадење е доста популарно и во Либан.

Главната состојка е таканаречениот фава грав, кој се приготвува со маслиново масло, ким, магдонос, лук, кромид, лимонов сок и зачини.

Некогаш се додаваат и други зеленчуци.

10-pojadoci-od-zemjite-shirum-svetot-shto-vednash-kje-sakate-da-gi-probate-05.jpg

Syrniki – Русија

Ова јадење е популарно и во други земји од Источна Европа, но потекнува од Русија.

Станува збор за вид палачинки кои се прават со јајца, брашно, шеќер и урда. Некогаш се додава и екстракт од ванила.

Овие палачинки најчесто се јадат со мед, мармалад и свежо овошје.

10-pojadoci-od-zemjite-shirum-svetot-shto-vednash-kje-sakate-da-gi-probate-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Од Грција до Мексико без облека – Пар од Белгија патува низ светот и секаде се сликаат голи (фото) Грција, Хрватска, Црна Гора, Тајланд, Колумбија се само дел од државите кои овој...
Суровата реалност што ја живееме, низ илустрации Појава на разни нови вируси, постојана тензија, војни и страдање на невини луѓе....
Ловат луѓе како дел од ритуал, го убиле и изеле пра-правнукот на Џон Рокфелер – кои се Асматите, нај... Мајкл Рокфелер од најмоќното семејство во светот решил да посети изолирано племе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg