Девојка од Црна Гора со моќна објава: Зошто наместо петарди, годинава да купите храна за куче скитник?

Младата црногорска уметница Адријана Вешовиќ или позната како @zombijana на Инстаграм, секогаш ни го разубавува денот со позитивни или смешни објави, а сега пред празниците објави една одлична порака со цел подигнување на свеста за употребата на петарди. 

namesto-petardi-kupi-hrana-za-kuche-skitnik-zombijana-objavi-odlichna-poraka-na-instagram-so-cel-podignuvanje-na-svesta-za-upotrebata-na-petardi-01.png

Со доаѓањето на новогодишните празници се зголемува и продажбата на петардите кои предизвикуваат загадување на воздухот и непотребна врева, а може да влијаат многу лошо на луѓето со нарушувања поврзани со срцето, респираторниот и нервниот систем.

Освен тоа, можат да ги повредат и животните скитници, па затоа оваа година наместо петарди, купете храна за кучињата и мачките скитници и стоплете го и нивното срце во овие студени месеци. Освен што тие ќе добијат храна, вие ќе добиете многу љубов!

Таа преку нејзината објава на Инстаграм, споредува што добиваме кога ќе купиме храна за кучињата скитници, а што кога ќе купиме петарди.

Објавата гласи:

Наместо петарди, купи храна за куче скитник!

Кога купуваш храната за кучињата скитници, добиваш:

  • Гратис мавтање со опавчето
  • Среќни очиња
  • Го храниш кучето, кое инаку е гладно и смрзнато
  • Обострана среќа и задоволство
  • 1 поен плус на скалата за мерење емпатија

Кога купуваш петарди:

  • Гледаш експлозија од своите пари
  • Слушаш врева
  • Има непријатен мирис
  • Мали срцеви удари
  • Потенцијални физички повреди

M. Г. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава