8 знаци дека ви недостасува љубов кон себе (и како да го промените тоа)

Дали сте неодлучни или реагирате бурно на туѓите критики, дури и оние добронамерните? Тогаш веројатно ви недостасува љубов кон себе.

8-znaci-deka-vi-nedostasuva-ljubov-kon-sebe-i-kako-da-go-promenite-toa-01.jpg

Љубовта кон себе е едно од најважните нешта што треба да ги научиме.

Ако се сакаме себеси, нашата самодоверба ќе се зголеми, полесно ќе се справуваме со стресни и кризни ситуации и, генерално, ќе бидеме многу посреќни.

За жал, многу луѓе немаат развиено љубов кон себе, а ова се одразува на секој аспект од нивите животи.

Осум знаци дека и вие спаѓате овде, но и како можете да го промените тоа:

Не можете да бидете свои

Луѓето кои се сакаат себеси се секогаш свои. Веруваат во себе и сигурни се дека можат да се справат со секоја ситуација, без да глумат дека се личност којашто не се.

Од друга страна, оние кои немаат љубов кон себе, неретко пробуваат да го скријат нивното вистинско лице и се плашат дека тоа ќе биде откриено.

Премногу се грижите за туѓото мислење

Нормално е одвреме-навреме да се грижите за ова, но ако туѓото мислење ви е опсесија, тогаш дефинтивно не си покажувате доволно љубов кон себе.

Ако некој има добро мислење за вас, чувствувате олеснување, но ако некој не ве сака, се чувствувате безвредно.

8-znaci-deka-vi-nedostasuva-ljubov-kon-sebe-i-kako-da-go-promenite-toa-03.jpg

Тешко прифаќате критики

Секако дека никој не сака да слуша критики за себе, но некогаш токму овие критики ни помагаат да се подобриме.

Ако бурно реагирате на секоја критика, дури и оние добронамерните, дефинитивно треба да си покажувате повеќе љубов.

Вие имате само лошо мислење за себе, а туѓите критики ви го потврдуваат ова, па затоа и ви е тешко да ги прифатите.

Се обидувате да им удоволите на буквално сите

Луѓето кои не се сакаат себеси скоро секогаш ги ставаат туѓите потреби пред своите.

Мислат дека само на овој начин ќе заслужат да бидат сакани од другите, што е многу погрешно.

8-znaci-deka-vi-nedostasuva-ljubov-kon-sebe-i-kako-da-go-promenite-toa-04.jpg

Неодлучни сте

Ако не се сакате себеси, сигурно ви е тешко да донесувате одлука. А, кога ќе ја донесете, убедени сте дека е погрешна.

Никогаш не сте сигурни во себе и постојано чувствувате сомнеж за секоја ваша постапка.

Постојано се критикувате

Веројатно одамна си немате кажано нешто убаво за себе.

Секој ден се критикувате за сè и сешто – од вашиот изглед, до вашите постапки и вашиот карактер.

8-znaci-deka-vi-nedostasuva-ljubov-kon-sebe-i-kako-da-go-promenite-toa-02.jpg

Не се грижите за себе

Ова е огромен знак дека не се сакате себеси.

И, не се однесува само на изгледот – овде спаѓа нездравата исхрана, пиењето многу алкохол, прекумерното работење …

Се чувствувате инфериорно

Едноставно, убедени сте дека сте најлоши во сè и постојано се споредувате со другите.

Иако одвреме-навреме сите ја имаме оваа навика, ако постојано го правите ова, веќе станува токсично за вас.

8-znaci-deka-vi-nedostasuva-ljubov-kon-sebe-i-kako-da-go-promenite-toa-05.jpg

Како да поработите на љубовта кон себе ако се пронајдовте?

Најпрво пробајте да ги контролирате вашите мисли – штом ќе сфатите дека мислите нешто лошо за себе, веднаш променете го фокусот.

Без разлика колку ви е тешко, пробајте да ги погледнете убавите работи кај себе.

Поставувајте си предизвици – натерајте се да излезете од вашата зона на комфор. Правете работи што ве плашат или работи за кои мислите дека не сте способни.

Бидете активни и почнете да се грижите за себе. Физичката активност секогаш може да ви го подобри расположението, а истото важи и за грижата за себе.

Хранете се здраво, одвојувајте време за одмор, најдете хоби што ве прави среќни…

И, најважно од сè, простете си. Луѓето кои не се сакаат себеси обично не можат да си простат ни за најмалите грешки, а ова само им ја влошува состојбата.

Пробајте да сфатите дека буквално сите правиме грешки, сите сме имале засрамувачки моменти, сите сме направиле нешто за коешто подоцна сме се каеле.

И, тоа е во ред.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg