Трикови како да си го направите животот посреќен и полесен (според науката)

За подобар сон, секој ден поминувајте време на сонце, додека спиењето со партнерот ќе ви помогне да го подобрите менталното здрајве – кои други научни откритија ќе ви помогнат да си го направите животот посреќен и полесен?

trikovi-kako-da-si-go-napravite-zhivotot-posrekjen-i-polesen-spored-naukata-01.jpg

Главната цел на науката е да ни ги направи животите полесни и посреќни.

Неретко науката побива и митови кои сме мислеле дека се неопходни за да бидеме здрави и среќни.

На пример, многумина избегнуваат шеќер по секоја цена мислејќи дека не е здрав, кога во реалноста, ако сте умерени, нема потреба да се откажувате од него.

Како да си го направите животот полесен и посреќен, според науката?

Секој ден поминувајте време на сонце за подобар сон

Секојдневната изложеност на сонце може да го намали заморот, да го подобри квалитетот на сонот, да го зголеми количеството на витамин Д во организмот, па и да го подобри менталното здравје.

Покрај тоа, самиот престој на отворено нуди многу придобивки, особено за менталното здравје.

Секако, кога сте на сонце, не заборавајте да се заштитите – носете крем со заштитен фактор и избегнувајте да минувате многу време на отворено во најжешките летни денови.

kako-da-si-go-napravite-zhivotot-posrekjen-i-polesen-spored-naukata-02.jpg

Дишете длабоко за да ги со подобрите расположението

Длабокото дишење е важен дел од секоја медитација, и тоа со причина.

Дури и науката потврдува дека длабокото и свесно дишење може значително да ја намали анксиозноста и да го подобри расположението.

Доволно е да одвоите само неколку минути наутро и пред спиење за кратка медитација со длабоко дишење.

Слободно користете ја оваа техника и во стресни ситуации за да ги намалите последиците од стресот.

kako-da-si-go-napravite-zhivotot-posrekjen-i-polesen-spored-naukata-03.jpg

Спуштете го капакот на тоалетната школка кога пуштате вода

Овој совет веројатно нема да ве направи посреќни, но е добро да го знаете за да го заштитите здравјето.

Водата може да разнесе ситни честички од внатрешноста на тоалетната школка ако ја пуштите со отворен капак.

Ова може да биде особено проблематично ако сте во јавен или туѓ тоалет што го користел некој друг - можете да се заразите со нешто.

kako-da-si-go-napravite-zhivotot-posrekjen-i-polesen-spored-naukata-04.jpg

Нема потреба да чистите секој ден

Веројатно ова е советот на листава што ќе ве направи најсреќни.

Препорачливо е секој ден да ги миете садовите бидејќи на нив, сепак, има остатоци од храна.

Но, кога станува збор за потемелно чистење на домот, воопшто нема потреба да се форсирате секој ден или неколкупати неделно.

Според микробиологот Џејсон Тетро, како и експертот за хигиена Беки Рапинчук, повеќето работи во домот е сосема доволно да ги чистите еднаш неделно бидејќи на нив сепак нема толку многу бактерии.

На пример, еднаш неделно треба да ја смените постелнината, да ги исчистите подовите, да ги сметете теписите и да ја исчистите бањата.

Единствено препорачливо е да ги менувате крпите во бањата и кујната на 2-3 дена, бидејќи од влагата на нив лесно се развиваат бактерии.

Нормално, ако имате миленици или мали деца, тогаш можеби ќе треба да чистите малку почесто.

kako-da-si-go-napravite-zhivotot-posrekjen-i-polesen-spored-naukata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg