Ариел и Херкулес се роднини, Пепелашка требалo да носи крзнени чевли: Интересни факти за омилените Дизни принцези

Снежана е првата принцеза на Дизни и имала само 14 години. Највозрасната принцеза има 18 години, а Ариел му е братучетка на Херкулес - интересни факти за принцезите од долгометражните цртани на Дизни што сигурно не сте ги знаеле.

site-dizni-princezi-se-tinejdzerki-ariel-i-herkules-se-rodnini-interesni-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-omilenite-princezi-01.jpg

Принцезите на Дизни со генерации ги заробуваат срцата на милиони луѓе ширум светот. Овие сакани ликови станаа дел од нашите детски спомени и оставија траен впечаток во нашите животи. 

Овие принцези не се познати само по нивната неверојатна убавина, туку и по нивната храброст, добрина и издржливост.

Секоја од нив е извонредна и има свои уникатни квалитети.

Отсекогаш биле инспирација и први кои ги учеле децата да сонуваат и да веруваат дека доброто секогаш триумфира над злото.

Тие нè учат дека вистинската убавина доаѓа одвнатре и дека добрината е една од најубавите особини од сите.

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за нив кои можеби не ги знаевте:

Снежана e првата принцеза на Дизни

„Снежана и седумте џуџиња“, објавен во 1937 - ма година, е воедно и првиот долгометражен анимиран филм во продукција на „Волт Дизни“.

Снежана со својата љубезна и нежна природа им го отвори патот на останатите принцези на Дизни.

Бела е инспирирана од авторот на оригиналната приказна за „Убавицата и ѕверот“

Ликот на Бела беше инспириран од француската романсиерка Габриел-Сузан Барбо де Вилнев, која ја напиша оригиналната приказна за „Убавицата и ѕверот“ во 1740 - та година.

Мулан беше првата принцеза на Дизни која немаше кралско потекло

Мулан од 1998-ма година, беше првата принцеза на Дизни која не беше член на кралско семејство.

Таа беше и првата принцеза на Дизни која беше инспирирана од реална фигура.

Ликот на Тијана од „Принцезата и жабата“ е единствената принцеза на Дизни која има работа

Тијана е единствената принцеза на Дизни која има работа, бидејќи работеше како келнерка во својот ресторан.

Таа е и единствената афро-американска принцеза на Дизни.

Сите принцези се тинејџерки

Првата принцеза на Дизни, Снежана, е и најмладата. Таа има само 14 години, а по неа е Јасмин која има 15. Аурора, Ариел, Мулан, Мерида и Моана се малку постари на 16 години. Бел има 17, додека Покахонтас и Рапунзел имаат 18. Пепелашка и Тијана се најстари и имаат 19 години.

Покахонтас е заснована на реална историска личност

Ликот на Покахонтас се заснова на реална историска личност која била припадничка на племето Похатан во Вирџинија.

Таа се смета за хероина во историјата на Индијанците.

Ариел и Херкулес се роднини

Според заплетот на цртаниот филм за Ариел, таа е ќерка на кралот Тритон, а Херкулес е син на Зевс.

Кралот Тритон е син на Посејдон, кој според грчката митологија е брат на Зевс. Ова ги прави Ариел и Херкулес блиски роднини. 

Стаклените чевли на „Пепелашка“ првично биле направени од крзно

Во оригиналната приказна за Пепелашка, нејзините чевли беа направени од крзно.

Меѓутоа, во филмската адаптација на Дизни од 1950-та година, тие беа сменети во стаклени чевли, кои станаа дефинирачки елемент на нејзиниот лик.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава