Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот?

Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшто не изгледа како да е во деветтата деценија од животот.

bil-roden-za-vreme-na-vtorata-svetska-vojna-kako-izgleda-eden-od-najstarite-papagali-vo-svetot-01.jpg

Добро познат факт е дека папагалите имаат навистина долг животен век, но обично не живеат подолго од луѓето, особено ако се во дивината.

Едни од најдолговечните папагали се од видот какаду кои живеат од 40 до 60 години.

Долг живот имаат и таканаречените амазонски папагали – најмногу 60 години во просек.

Нo, папагалот Коко од истиот вид, има дури 84 години. Односно, тој бил жив уште додека траела Втората светска војна.

Коко, кој денес е слеп, бил роден во далечната 1940 година и имал неколку сопственици, пред да биде згрижен од пар од Холандија.

Новите сопственици на Коко – Еш и Линда – велат дека првите луѓе кои го чувале го згрижиле уште додека бил бебе.

Тие имале цвеќарницата и Коко живеел таму цели 30 години.

Потоа, папагалот бил згрижен кај ќерката на првите сопственици.

По некое време, првите сопственици, кои биле сопружници, се развеле, а Коко завршил кај мажот.

Еш и Линда веруваат дека овој период бил најстресен за Коко бидејќи мажот најверојатно го повредувал.

За среќа, папагалот бил спасен и однесен во засолниште.

Пред да заврши кај сегашните сопственици, за Коко се грижел пријател на Еш. По неколку години, тој му го дал папагалот на Еш бидејќи тие чуваат и други папагали (кои се многу помлади од Коко).

Иако Коко е слеп и мошне стар, парот вели дека воопшто не изгледа како да е во деветтата деценија од животот.

Сакал да пее, но и да си игра со другите папагали.

Еш и Лин не планираат да му бараат нов дом на Коко и сакаат да му овозможат удобен живот.

Повеќе фотки и видеа од Коко на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава