10 грешки со кои ѝ наштетувате на вашата мачка (и ѝ го загрозувате животот)

Ја облекувате

За разлика од кучињата, кај кои постојат и раси што треба да ги облечете кога е студено, мачките не поднесуваат облека.

Можеби изгледаат слатко, но облеката ги иритира, од неа може да им е многу топло, а и може да им пречи мирисот бидејќи не е нивен.

Па, најдобро прескокнете ја облеката за мачки.

Не ѝ ставајте ни ремче ако забележите дека пробува да го извади.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-07.JPG

Не си играте со неа

Сите мачки сакаат да си играат, без разлика на возраста.

Ако не ја пуштате мачката надвор, важно е преку игра да ѝ ја овозможите соодветната ментална стимулација.

Во спротивно, мачката може да стане летаргична, но и депресивна.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-08.JPG

Ѝ дозволувате да ве гризе

Додека се мали, мачињата си играат со гризење и гребење, но не треба да ја учите мачката да ве гризе и вам.

Односно, ако ѝ дозволувате да ви ја гризе раката, таа ќе мисли дека тоа е прифатливо однесување и некогаш може и да ве повреди.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-09.JPG

Ја казнувате

Точно е дека мачките се своеглави, но казнувањето со викање и удирање нема да биде од помош.

Со ова таа само ќе се плаши од вас, а кога вие нема да ја гледате, таа повторно ќе си ја направи истата беља.

Секојпат кога мачката прави нешто погрешно, подобро е да ѝ го одвлечете вниманието кон нешто друго.

И, со текот на времето ќе научи.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-10.JPG

Не обрнувате внимание на нејзината безбедност

Мачките се љубопитни и ќе го истражат секој дел од домот.

Па, осигурете се дека на дофат нема да им биде нешто што е опасно за нив.

Ако имате растенија, добро проверете дали се токсични, бидејќи мачките неретко ги грицкаат.

На безбедно место чувајте и лекови, средства за чистење, продукти за убавина и слично.

Внимавајте и на некои намирници, како чоколадо, кафе, храна со грозје или кромид – сето ова се работи што можат да бидат токсични за нив.

Ако сакате да ѝ дадете на мачката од вашата храна, прво секогаш проверете на интернет дали е безбедна за неа.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава