7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака)
Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата мачка ве сака и се чувствува среќно и безбедно во вашиот дом.

Иако делуваат како животни кои не се заинтересирани за ништо околу нив, мачките навистина знаат како да ја покажат својата љубов.
Точно е дека повремено ќе ве игнорираат, но си имаат свој начин да покажат дека се среќни со вас.
Седум знаци дека вашата мачка вистински ве сака:
Спие или лежи на грб
Најранливиот дел од телото на мачките е нивниот стомак. Па, штом вашата мачка ужива да спие или само да лежи на грб и го открива стомакот, тоа е знак дека се чувствува безбедно и ви верува.
На некои мачки не им е проблем и да ги погалите на стомакот кога се легнати на грб.
Но, повеќето не сакаат и дури и ако вашата мачка е среќна и ви верува, може да проба да ве гризне ако ја допирате на стомакот.

Нежно ве грицка и ве лиже
Мачките си покажуваат наклонетост едни со други со лижење. Исто така, знаат да покажат љубов и преку игра, односно со нежно грицкање.
Ако мачката се однесува вака и со вас, тоа е уште еден знак дека ве сака.
Постојано ве следи
Мачките сакаат да делуваат незаинтересирано, но истовремено, кога си ги сакаат сопствениците, ги следат насекаде.
Ако мачката пробува да ви влезе во тоалетот, ве следи наоколу, па дури и ве сопнува додека одите, тоа е јасен знак дека ве обожава.
